Рецепт: Англиски божиќен пудинг

Вкусен е, но ќе мора малку да се помачите.  Не станува збор за обичен пудинг, туку за божиќен, а рецептот доаѓа од Англија.

Потребни ви се 330 грама црно суво грозје, 330 грама рибизли, 330 грама бело суво грозје, 330 грама лебни трошки, 330 грама кафен шеќер, 240 грама маст, 120 грама сечкани зашеќерени вишни, 120 грама сечкани бадеми, рендана кора од 1 лимон и 1 портокал, 1 рендан морков, 1 рендано јаболко, 4 лажици брашно, ванилин шеќер, малку сол, 6-8 јајца, 300 милилитри црно пиво или 150 милилитри бренди, малку млеко.

Пудингот се подготвува четири часа на пареа или 2 часа во експрес лонец. Потоа се остава неколку дена (најдобро една недела) да стои на студено и темно место, најчесто во подрум.

Се служи со пенест крем од ванила, шлаг или сос од бренди.