Ако ти треба мотив за да станеш од кревет и да се активираш, имаме еден сосем нов за тебе. Најновите истражувања велат дека спортувањето го подобрува дигестивното здравје, а не само здравјето на срцето како што мислевме досега.
Висок холестерол, висок крвен притисок, вишок килограми, а по најново подуен и чувствителен стомак се симптоми на инертниот животен стил што го водиш.
Ако не постои дијагноза за твоите чести абдоменални болки, непредвидлива дијареја или запек, подуеност и гасови, тогаш најверојатно сам го предизвикуваш проблемот. Ем лошо се храниш, ем не си активен и твоето однесување го имитираат и цревата.
Ако мислеше дека трчањето по децата и низ домот се доволни за да компензираш, грешиш многу. Брзото животно темпо очигледно не те прави ниту послаб, ниту поздрав.
Зошто е важно да ги раздвижуваме цревата?
Редовните движења на дебелото црево се дел од здравиот дигестивен систем. На тој начин се формира столицата преку која телото се ослободува од сите штетни и непотребни материи кои влегуваат во организмот уште од усната шуплина. Перисталтиката на цревата треба да биде баланисрана, бидејќи ако движењата се пребавни се соочуваме со ризик од запек, ако се пребрзи се соочуваме со ризик од дијареја. Ваквиот баланс го обезбедуваат растителните влакна присутни во храната што ја консумираме и растителните влакна што ги пиеме во облик на суплемент.
Како храната влијае на мрзеливите црева?
Со консумирање на вистинските хранливи материи ќе поттикнете дополнително раздвижување на нештата во стомакот. Здравата храна поттикнува и поголем ефект од вежбањето врз целокупното здравје. Не е важно само стомакот да е полн, поважно е со што ќе го наполните, бидејќи така вежбањето оди многу полесно. Затоа, избегнувајте процесирана храна и шеќери и удрете на растителни влакна, високонутритивни намирници и многу вода, особено ако работите на отворено.
Постои ли лек за мрзеливи црева?
РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
Она што брзо и лесно ги одзатнува цревата, ја поттикнува нивната перисталтика и го олеснува нивното празнење, е пребиотикот или растворливите растителни влакна. Растворливите влакна ја користат водата за да креираат желатинска маса која ги лепи сите токсини, шеќери и масти од храната. Истовремено служи како храна за добрите бактерии во стомакот па креира одлична средина за целиот дигестивен систем.
Конкретно, Dr. Viton Bio Fiber е пребиотик кој се темели на растителни влакна од акација – уникатни се по тоа што одлично ферментираат во последниот дистален дел од дебелото црево што не е случај со пребиотичните влакна од друго потекло кои ферментираат во првиот дел од дебелото црево и поради тоа поттикнуваат ненадејно ослободување на гасови.
Ако често патите од надуеност и гасови, влакната од акација се најдобар избор за вас. Сигурно ќе ви значи и податокот дека растителните влакна во прав од акација во составот на Dr. Viton Bio Fiber се добиваат од 100 % чиста сорта дрво Acacia Senegal и не содржат ниту адитиви ниту глутен.
СПОРТУВАЊЕ
Ние сме една голема седечка нација, се согласуваш нели? Седиме на работа, седиме во зима бидејќи е загадено, седиме во лето бидејќи е претопло, се на се СЕДИМЕ МНОГУ! 30 минутната спортска сесија има неверојатен импакт на целокупното здравје, но ако не можете одеднаш, вежбајте три пати по 10 минути. Новите истражувања покажуваат дека дури и 2 минутното вежбање на секој час, ги брише сите негативни последици од целодневното седење вклучувајќи ги и мрзеливите црева. Дури и активностите како пешачење, јога, аеробик, трчање, помагаат цревата да фатат ритам и континуитет. Само 30 минути вежбање 4 до 5 пати во неделата можат да направат огромна разлика во начинот на кој стомакот реагира на храната што ја внесуваш, водата што ја пиеш, стресот со кој се соочуваш. Имај на ум дека здравиот стомак е столб за силен имунитет. Вежбањето го поттикнува порастот на добрите бактерии во стомакот кои сами по себе го зајакнуваат одбранбениот одговор на телото.
За да не ви расте стомакот под биро, зададете им двоен ТРЕНИНГ на цревата – вежбајте и пијте Dr. Viton Bio Fiber.
Dr. Viton – Biofiber можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-bio-fiber/
Dr. Viton – Biofiber може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)