Студијата спроведена во САД покажала дека скоро половината од сите случаи на карцином на мочниот меур може да се припишат на пушењето цигари, односно во изминатите триесет години ризикот од рак на мочниот меур значително се зголемил кај пушачите.
Така се покажало дека пушачите во споредба со лицата кои никогаш не употребувале цигари се изложени на 4 пати поголем ризик од развој на рак на мочниот меур. Пред 30 години тој ризик бил за 3 пати поголем. Тоа се толкува со фактот дека денешното производство на цигари е потоксично отколку што тоа било во минатото.
Исто така се покажало дека бившите пушачи се изложени на 2,2 пати поголем ризик од развој на рак на мочниот меур.
Според тоа научниците истакнуваат дека непушењето е најдобар начин да се спречи развојот на рак на мочниот меур.