Иако сите знаеме што е најдобро за нас, во кризните ситуации –кога ќе почувствуваме силен глад – најчесто им подлегнуваме на искушенијата и брзите решенија. Најчесто тоа се мрсни и благи производи (бисквити, чоколади, кафе), кои навистина го задоволуваат гладот – но,накратко. Покрај тоа оваа навика предизвикува големи осцилации на нивото на шеќер во крвта, а потоа и многу поизразен недостаток на енергија , отколку на почетокот на овој волшебен круг.
Експертите истакнуваат дека изразената потреба за шеќер и кофеин се јавува како последица на дефицит од хранливи материи – кога не ги земаме од тоа што ни е потребно од „правата“ храна. А видовите на правата храна зависат од годишното време и индивидуалните потреби.
Значи, кога следниот пат ќе почувствувате дека ви недостига енергија, избегнете ги чоколадото и кафето и земете еден од овие десет супер видови на храна.
1. ПОРТОКАЛИ – Ова овошје, познато по високото ниво на витамин Ц, овозможува создавање на карнитин – молекула која му помага на организмот да согори масти за енергија.
2. НАМАЗИ ОД КИКИРИКИ И ДРУГО ЈАТКАСТО ОВОШЈЕ – Маснотиите и протеините во овие намази пружаат концентрирано ниво на енергија. Растворливи билни влакна, кои исто така се наоѓаат во овие намази, го контролираат нивото на шеќер во крвта и на тој начин спречуваат продор на заситени масти во крвотокот. Повеќето видови на јаткасто овошје, како на пример кикирики, ореви, индиски орев и бадеми, богати се со амино киселина позната како аргинин, која ги опушта крвните садови, па на тој начин го регулира и крвниот притисок. Користете намази во кои не е додаден шеќер.
3. ЛОСОС – Оваа риба е одличен извор на Омега – 3 масните киселини, кои го регулираат процесот на згрутчување на крвта и стеснување на крвните садови, со што се одржува оптимална состојба на клеточните мембрани и здравиот кардиоваскуларен систем. Освен тоа, рибите од ладните води, како лососот и харингата, како и школките, богати се со протеини и магнезиум, кои учествуваат во процесот на претворање на глукозата во енергија.
4. МОРСКИ АЛГИ – Овие видови на билки (најквалитетна од нив е нори) содржат најголем број на минерали од сите производи, како и пантотеинската киселина (витамин Б5) и рибофлавин (витамин Б2). Сите овие материи неопходни му се на организмот за да создаде енергија.
5. ЈОГУРТ – Овој млечен производ е одличен извор на протеини и витамин Б комплекс, кои се елементи од пресудно значење за претворање на хранливите материи во енергија и вознемиреност – вклучувајќи го и витаминот Б12, кои гради здрави и силни еритроцити. Ако сакате на јогуртот да му додадете малку арома, ставете лажичка природен мед или малку исецкано свежо овошје во обичен јогурт.