Природно чистење на бубрезите

Бубрезите се органи на системот за мокрење. Задолжени се да ги елиминираат токсините од нашето тело.

Секој ден низ нашите бубрези поминувааат 200 литри крв за да се прочисти од отрови и токсини. Бурезите истотака создаваат важни хормони како еритропоетин (кои стимулира создавање на  црвени крвни зрнца), ренин (кои го регулира крвниот  притисок) и калцитрол (активна форма на Витамин Д).

Во нашиот организам постои природен начин на чистење на бубрезите. Ако консумирате доволно течности како вода и чај бубрезите се чистат сами. Истотака  со редовно внесување доволно количество на течност од 1,5 до 2 литри дневно се подобрува нивната функција и се намалува можноста за создавање на камен во бубрезите.