Природната боја на косата открива од кои болести може да заболиме

Природната боја на косата открива многу, всушност, покажува тенденција кон одредени здравствени проблеми, тврдат американските научници. Слабата и тенка коса може да биде последица на стрес и дигестивни проблеми.

Квалитетот на косата укажува на здравената состојба, слабата и тенка коса може да биде последица на стрес и проблеми со варењето на храната. И природната боја на косата открива многу, всушност, ја покажува тенденција кон одредени здравствени проблеми, тврдат американските научници.

Руса

Жените со светла коса се повеќе склони кон сенилна макуларна дегенерација, болест поврзана со стареењето, која постепено го уништува видот. За да го спречите ова, јадете повеќе кељ, спанаќ и друг зелен зеленчук. Русокосите, исто така, имаат поголема шанса за развој на меланом, бидејќи помалку произведуваат меланин, па кожата им е почувствителна, а и тенот посветол.

Црвена

Анестезијата послабо влијае на лицата со црвена коса , тоа има врска со мутација на генот кој е одговорен за бојата на косата, веруваат научниците . Црвенокосите дами се повеќе подложни на Паркинсоновата болест, а појавата и развојот може да ги спречат со земање на мултивитамини, велат експертите.

Кафена

Кај црнките почесто опаѓа косата отколку кај русокосите, а косата не им е толку отпорна на оштетување, како кај црвенокосите. Повеќе се склони кон ќелавост, но тој процес може да се забави со правилна исхрана и здрав начин на живот.