Природна „вакцина“ против настинка и грип

Времето на настинки и грип доаѓа. Ние ќе ви кажеме еден лесен и многу ефикасен лек што ќе може лесно да го направите за брзо да ја надминете оваа непријатна состојба.

Подготовка:

  • Сок од 6 лимони
  • 1 чешне лук
  • 2 лажички ѓумбир во прав
  • 2 лажици мед
  • 3 чаша 100% сок од ананас
  • ¼ лажичка лути или чили пиперки во прав

Сите компоненти  добро изблендирајте ги и пијалокот чувајте го во стаклено шише. Пијте четири чаши од овој пијалок во текот на денот и  употребувајте го додека симптомите не исчезнат.

Потребни се околу 2 или 3 дена да го употребувате пијалокот, за значително да ви се подобри  состојбата на организмот.

Пијалокот е богат со витамин Ц и компоненти кои ја забрзуваат циркулацијата на крвта и брза размена на хранливи материи потребни од страна на телото во борбата против натрапниците.