Дали сте знаеле дека четири суви смокви обезбедуваат четвртина од препорачаната дневна количина на железо, која му е потребна на нашето тело?
За да се постигне максимален ефект, смоквите јадете ги со компот или свежо исцеден сок од портокал кој е богат со витамин Ц, бидејќи тоа ја подобрува апсорпцијата на железото.
Сувите смокви се одличен извор на минерали. Покрај железото, смоквите се богати со бакар, цинк, селен, манган, калциум и калиум.
Смоквите содржат и омега-3 и омега-6 масни киселини, и фитостерол, кои може да влијаат на намалување на нивото на холестерол во крвта.