Сигурно некаде во куќата имаат бебе масло – дури и ако немате бебе. Бебе маслото е одлично за нега на кожата бидејќи тоа ја прави мека и нежна. Ве советуваме да го користите на следниве начини.
Отстранување на шминката
Со помош на неколку капки бебе масло за само неколку секунди, можете целосно да ја отстраните водоотпорната шминка. Маслото е подобро од конвенционалните производи за отстранување на шминка, бидејќи тоа дејствува брзо и ја храни кожата. Нанесете го на памук и отстранете ги сите траги од шминка.
Го отстранува лепилото за трепки
Вештачките трепки изгледаат одлично, но лепилото кое доаѓа со нив многу често знае да остане на окото. Без проблем можете да го отстраните со помош на бебе маслото, а истото важи и за остатоците од лепилото на вашите нокти или образите по аплицирањето на вештачките трепки.
За кожата на телото
Бебе маслото може да се нанесува и на кожата, но долго се апсорбира и често остава траги на облеката. Затоа е поумно да ставите неколку капки во лосионот за тело и со оваа смеса да ја премачкате кожата.
Мазни нозе по бричење
Бебе маслото ја смирува кожата, па затоа е добро се нанесува на кожата по депилација. Покрај тоа, ќе го намали црвенилото, а вашите нозе ќе бидат мазни и негувани.
Купка со масло
Бебе маслото може слободно да го додадете во када со топла вода или во вашата купка. Доволно е да сипете една четвртина од капачето во купката.
Во борбата против стрии
Стрии се јавуваат кога кожата е „растегната“ и тоа најчесто се случува за време на бременоста. Правилната примена на бебе маслото на критичната зона ќе ви помогне да ја спречите оваа грда појава.