Природен еликсир за прочистување на црниот дроб

Поради нечистотијата што секојдневно ја внесуваме со преработената храна, шеќери, масти, алкохол, газираните пијалоци и други нездрави состојки, нашиот црниот дроб е под високо оптоварување . Овде ќе ви откриеме рецепт на природен еликсир кој успешно ќе го исчисти вашето тело, а особено црниот дроб и ќе ве снабди со вредни хранливи состојки.

За сок ви е потребно:

– 6 лимони

– 3 грејпфрута

– Корен од ѓумбир со големината од 9-10 см (или 5 лажици ѓумбир во прав)

– 4 чешниња лук

– неколку листови свежо нане (или јак чај 2 дл со 3 кесички)

 – Половина литар чиста зовриена вода

– 3 лажици ленено масло

– 1 лажичка ким во прав

Исцедете го сокот од  лимонот и грејпфрутот во сад. Во блендер ставете го ѓумбирот, лукот и чајот од нане и добро изблендирајте . Исцедете ја оваа смеса па сокот (ѓумбир и лук) соединете го со сокот од лимон и грејфрут, додадете вода, ким и масло од лен. Се заедно, се меша темелно додека не стане компактно. Пијте го во текот на денот додека сокот е свеж. Сокот се пие на празен стомак.

Сок се препорачува секогаш кога е можно, на сите луѓе, а особено на оние кои  користат многу алкохол, газирани пијалоци, масти и слатки. Луѓето кои веќе ја имаат болеста или знаци на заболување на црниот дроб треба да внесуваат сок по 2-3 пати неделно,се  додека наодите не покажат подобрување на црниот дроб.