Избор на алкохолни пијалаци со пониски калорчни вредности
Без разлика дали тоа е една ноќ надвор со девојките или состанок со вашиот партнер, ништо не и дава сјај на прославата како ексклузивните коктели. Работата е во тоа што тие пијалаци најчесто се преполни со калории што ќе ви ја уништи вашата диета. „Сакам уште еден“ (Размислете за тоа, просечната чаша од 10 мл маргарита има околу 550 калории и е преполна со натриум – тоа е како еден „биг мек“ во чаша). Послушајте го гласот на нашите експерти : префрлете се на еден од овие попаметни опции и блеснете без утринско жалење-по многу калории.
Коктели од свежо овошје
Повеќето пијалаци, кои се зачинети со овошен вкус се само тоа – со вкус, со концентрати базирани на шеќер , мешавини и бои. Наместо тоа, одлучете се за пијалок со свежи состојки. Сертифицираниот личен тренер Иксчел Мендоза препорачува мешање на вотка со сода вода , ѓаволски бобинки и нане, свежо исцеден цитрон или свеж ѓумбир. „На тој начин [ќе] можете барем да ги добиете придобивките на плодот или зачинот, а не само еден куп додаден шеќер”, вели таа.
Вино
Не само што е здраво за срцето, туку исто така може да го ставите виното како подобар избор кога станува збор за алкохолот. Виното се одликува со вкус кој нема да го добиете од вотка или сода, и нема холестерол, натриум, или масти. На околу 125 калории во црвено вино и околу 115 калории во белите вина (чаши од 5 мл. ), виното е дефинитивно една опција со пониски калории. Ах, тој сладок нектар од боговите.
Силен ликер
Ликерот има повеќе калории по унца од другите алкохолни опции, па така не додавајте повеќе калории со мешање со шеќер и сода или сируп и сетете се на вашиот лимит (држете се до еден коктел по пијалок). Мешање на чаша ликер со сода вода или диетална сода (или едноставно пиење на „екс“), е најдобар начин да се направи „слаб“ пијалок. Една вотка сода (1,5 мл водка), на пример, има околу 85 калории .
Вода
Не, ние не велиме дека треба целосно да ја прескокнете водата во коктели и само да пиете вода … Наместо тоа, кога ќе го нарачате вашиот пијалок побарајте чаша ладна вода заедно со пијалакот. „Пијте поголеми голтки на вода наместо набрзина да го испиете вашиот коктел и да нарачате друг во краток временски период“, препорачува Мендоза. Не само што пиењето вода заедно со вашиот коктел ќе ја забави количина на алкохол (и калории) кои ги консумирате, тоа исто така, ќе ви помогне да бидете хидрирани, па така можете да ги избегнете главоболките следното утро.
Кон што да преминете?
Избегнете нарачување на пијалок само затоа што изгледа убаво (ние цело време им ги даваме овие совети на нашите пријатели момчиња во врска со жените ). Само велете не на даикири, маргарита, пинаколада и оние специјалитети- мартини. Освен ако едноставно не можете да го тргнете оној „Cinco de Mayo“ од умот, не ни погледнувајте двапати на маргарита како опција.
Исто така, не заборавајте на големината на чашата. Како овластен диететичар и експерт за исхрана Карлен Томас додава, „една чаша вино е одлична опција … само да не е во чаша со огромна големина!“