Постои ли брз начин да се ослободиш од стресот?

Физичка активност, јога, медитација, се само неколку примери за анти-стрес техники кои делуваат! Но, во некои ненадејни случаи кога одеднаш ќе се соочиш со огромен стрес, потребна ти е брза и делотворна техника за да се ослободиш себеси!

Според некои експерти, еден од најбрзите начини за ослободување од стресот е во одреден момент да ги ангажираш твоите сетила (вид, слух, вкус, мирис, допир).

Бидејќи сите ние сме различни, неопходно е малку да испробуваш и да експериментираш за да откриеш која техника е најсоодветна за тебе. Но, штом откриеш што најдобро ти делува, многу полесно ќе ти биде да останеш смирен, фокусиран и продуктивен.

За некои од нас социјалната интеракција, како што е разговор со смирен и грижлив слушател, понекогаш е се што е потребно за брзо и лесно да се ослободиме од насобраниот стрес.

Но, за навистина да бидеш способен и да умееш најбрзо да се ослободиш од насобраната тензија, прво би морал да знаеш каков точно е твојот најчест одговор кон стресот.

Повеќето од нас реагираме слично, поради вродениот „бегај или бори се“ инстикт и во тој случај: се покачува крвниот притисок, срцето пумпа побрзо и се напнуваат скоро сите мускули во телото.

Но, некои стручњаци велат дека и покрај тоа што луѓето реагираат на стресот по непишан образец, надворешно, сите различно го манифестираме.

На пример, доколку кога си под стрес стануваш лут, нервозен и премногу емотивен, тогаш за намалување на стресот тебе најмногу би ти годеле некои смирувачки практики.

Но, ако кога си под стрес, ти стануваш депримиран, далечен, или отсутен, тогаш за менаџирање на стресот тебе повеќе би ти годеле стимулирачки анти-стрес активности.

Стресот може да не погоди каде и да сме, но најпрво мораме да се научиме како здраво да се справиме со него токму во удобноста на сопствениот дом.

Еве неколку лесни методи за како да го сториме токму тоа:

Изложи се на природна светлина

Отвори ги завесите и дозволи во твојот дом да навлезе природна светлина.  Сончевата светлина гарантирано ќе ти го подобри расположението и полека, но сигурно ќе го отстрани стресот.

Вклучи ги сетилата додека готвиш

Дојдовте од работа и треба да готвите, а најмалку имате желба и волја за тоа? Во тој случај, поднамалете го стресот така што ќе го свртите фокусот кон сетилата. На пример, обидете се да ги помирисате состојките кои ги користите или допрете ја и размислувајте за нивната текстура.

Подобри си го спиењето

Доколку си премногу напнат за да заспиеш, искористи го мобилниот телефон за да пуштиш некој тип на бел звук што те смирува, како звук на врнење дожд или звук на машина што пере. Слично делува и навлажнувачот на воздухот кој испушта и нежен мирис во просторот.

Создади си своја оаза

Секој неред во домот делува вознемирувачки, и токму затоа, паметно е да потрошиш барем десетина минути  за да си го потсредиш домот. За да ти биде попријатно и за да си создадеш буквално своја оаза или мирно и пријатно катче, повеќе внимание треба да посветиш на декорирање на просторот спрема сопствениот вкус и чувства.  Понекогаш доволно е да поставиш неколку фотографии кои ќе ти будат позитивни и убави чувства секогаш кога ќе ги погледнеш.

Редовно земај го својот омилен суплемент Dr. Viton Magnezan B6!

Dr. Viton Magnezan B6 го релаксира целиот нервен систем, го смирува срцето, го храни мозокот одвлекувајќи го од негативните мисли. Поттикнувајќи го лачењето на серотонинот, хормон на среќата, магнезиумот го штити целиот организам од стресот кој е број еден причина за анксиозност.

Витаминот Б6 е тука за да ја проследи таа информација од нервните клетки до мозокот и плус ја олеснува апсорпцијата на магнезиумот во мускулите намалувајќи секаков тип на болка и редуцирајќи ја тензијата.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)