Штом не носиш очила за гледање, ти немаш проблем со очите, нели?! Задоволен си како те служи видот и нема потреба да обрнуваш повеќе внимание. Зошто да чепкаш онаму, каде нема проблем, зар не?!
За жал, кратковидоста и далекувидоста не се единствените состојби поврзани со очите кои му се случуваат на човекот.
Си слушнал ли за синдром на суво око? Макуларна дегенерација и катаракта? Глауком и дијабетска ретинопатија? Или тоа се само болести кои им се случуваат на некои таму луѓе во длабока старост и кои немаат никаква врска со твојот совршен вид?!
Вистина е, очите ни служат за да го гледаме светот пред себе, но не сме во можност и да го видиме она што се крие зад нив. Болестите и состојбите на очите се развиваат во позадина, без никакви симптоми.
90% од заболувањата и состојбите на очите се резултат на ненавремен преглед и соодветна заштита на окото.
Окото како орган е составено од повеќе од 2 милиони функционални делови. Иако голем дел од заболувањата на најбрзиот орган во човековото тело се поврзани со стареењето, условите во кои живееме, диктираат еден поинаков тренд. Ако во минатото луѓето почнале да ги гледаат првите знаци на макуларна дегенерација и катаракта по 60-та година, денес таа граница е поместена околу 40-та година, што е загрижувачки податок. Што треба да знаете за некои од најчестите болести и состојби на очите:
ДИГИТАЛНО УМОРНО ОКО
Оваа состојба е присутна кај 90% од луѓето на денешницата, но многу мал број се свесни за тоа. Дигиталното уморно око се јавува како резултат на континуираната изложеност на сина светлина.
Екраните од компјутерите, таблетите, мобилните телефони, телевизорите и останатите дигитални уреди, емитираат сина светлина. Модерниот човек во просек минува 9 часа изложен на сина светлина во текот на еден ден.
Состојбата дигитално уморно око се препознава по следните симптоми:
- Главоболка и мигрена
- Замор
- Несоница и промени во циклусот на спиење
- Предвремено стареење на очите
- Нервоза
- Намалена концентрација
- Зголемен очен притисок
Сината светлина го забрзува стареењето на клетките. Навлегува длабоко во окото и влијае на мрежницата, каде се процесираат до 90% од информациите кои окото ги прима. Со константна изложеност, мрежницата се заморува и се забрзува процесот на стареење.
При таа изложеност се создаваат слободни радикали кои преку процес на оксидација ги уништуваат здравите клетки на окото и предизвикуваат трајни оштетувања.
СУВО ОКО
Црвенило, пецкање, чешење и болка се симптомите на суво око. Тоа е состојба кога очите не произведуваат доволно течности за да останат влажни или кога солзните канали не функционираат. Истражувањата покажуваат дека една од причините за појава на суво око е и недостатокот на омега 3 масни киселини. Бројката на трепкање се намалува за 50% кога гледаме во екран. Тоа е уште една од причините за појава на суво око.
МАКУЛАРНА ДЕГЕНЕРАЦИЈА
Болеста ја напаѓа макулата (жолта точка) во средишниот дел на мрежницата која ни овозможува централен вид, читање и разликување на детали.
Симптомите се јавуваат кога болеста веќе сериозно ќе напредне, а меѓу нив се јавуваат:
- Слабеење на централниот вид
- Појава на темна сенка точно во средината на видот
- Искривени линии ( пр. при решавање на крстозбор)
- Потешкотии при разликување на бои
- Бавно опоравување на видот при преминување од светла во темна просторија.
Макуларната дегенерација се јавува во две форми: сува и влажна.
- Сувата се одликува со атрофија на дел од ретиналните слоеви. Оваа форма на макуларна дегенерација се јавува кај 9 од 10 лица. Се отсликува со бели флеки во централниот дел на видот. За жал, за овој вид макуларна дегенерација се уште не постои лек.
- Влажната форма претставува многу поретка појава од сувата и се јавува како резултат на раст на нови крвни садови на ретината кои по својата функција се абнормални. Како такви, пропуштаат течност и крв во ткивото. Се лекува со посебен метод.
Зголемен ризик од појава на макуларна дегенерација имаат луѓето со семејна историја на болеста, пушачите, луѓето со покачен крвен притисок и холестерол, слаба физичка активност и лоша исхрана.
Недостатокот на витамини и минерали како Ц, Е, А, бакар, цинк, лутеин и зеаксантин можат да го забрзаат процесот на појава на макуларна дегенерација.
КАТАРАКТА
Состојбата се отсликува со појава на т.н перде или завеса пред очите. Тоа може да се јави како резултат на природното стареење на окото, по 60-та година од животот, но и кај помлади луѓе. 12 милиони луѓе во светот се слепи како последица на катаракта.
Како да познаеш дека почнува да се формира катаракта на твоето око?
- Заматен вид
- Светлите нијанси стануваат бледи
- Проблеми со ноќно гледање
Единствениот лек за катарактата е хируршката интервенција која се изведува само еднаш во животот.
ДИЈАБЕТИЧНА РЕТИНОПАТИЈА
Дијабетесот ги напаѓа крвни садови во човековото тело, а оние во окото не се исклучок. Дијабетичната ретинопатија се јавува кај 80% од лицата кои имаат дијабетес, а единствениот начин да се заштитат очите е превенција – редовни контроли и заштита. Кај дијабетичната ретинопатија се оштетуваат крвните садови на ретината, што резултира со отоци на окото, внатрешно крвавење и наталожување на масни наслаги на очите. Симптомите се следни:
- Постепено влошување на видот
- Ненадејно губење на видот
- Мушични во видното поле
- Заматен вид
- Болка во очите и црвенило
Ретиналното крвавење и отокот предизвикани од дијабетичната ретинопатија ја попречуваат нормалната функција на окото и ако не се реагира може да дојде до губење на видот. Тоа не секогаш мора да е трајно, меѓутоа видот повеќе не се враќа во првобитната состојба.
Па токму затоа, кога се во прашање очите, твое мото треба да е: Подобро да спречиш, отколку да лечиш. Болестите на окото кои доаѓаат со староста, несомнено ќе нѐ стигнат. Но, целта е да се прологнгира нивното доаѓање.
Превенцијата од различни состојби и прологнирањето на различни болести е возможно исклучиво со вистинската хранлива заштита.
Dr. Viton – Ovidox претставува спој на такви состојки кои нудат:
- Антиоксидативна заштита
- Поголема отпорност на УВ зраци
- Заштита од сина светлина
- Потхрана на окото
- Забавување на природното стареење на окото
Најновата формула за окуларно здравје на Dr. Viton, Ovidox e сплет на 7 состојки како:
- екстракт од бороница кој содржи витамин Ц и антиоксидативни својства,
- лутеин и заексантин кои нудат природна заштита од сончевите зраци,
- омега 3 масни киселини од рибино масло кои го подмачкуваат окото и му даваат соодветна влажност,
- цинк и бакар кои ја одржуваат протеинската структура на окото и
- витамин Е кој се грижи за оксидативниот стрес.
Dr. Viton – Ovidox може да го нарачате онлајн.