Познатиот готвач Џејми Оливер го споделува рецептот за вкусен домашен сладолед кој се подготвува во неколку чекори.
Нека не ве збуни пијалакот кој славниот готвач го употребува во оваа видео-презентаација (Pimm’s), кај нас тешко ќе го најдете, но не се оптоварувајте поради тоа- вермут е одлична замена.
Доколку сладоледот го сервирате и на најмалите членови на семејството, слободно прескокнете го алкохолот во него.
На ист начин сладолед може да се подготви и, наместо со јагоди, со банана.