Ако деновиве се чувствуваш пренапнато, се наоѓаш под огромен стрес и имаш потреба потполно да се исклучиш од остатокот од светот и да си го оладиш умот, тогаш пливањето можеби е најдобриот избор за тебе!
Пливањето е индивидуален спорт при кој се прави серија на повторувачки аеробни ритмички движења, во комбинација со длабоко дишење, при што истовремено се ангажира и телото и умот.
Како резултат на тоа, половина час поминат во пливање, успешно го исклучува умот од се што претходно го окупирало, со што се отстранува тензијата и се намалува стресот.
Но, со многу студии и истражувања е докажано дека пливањето освен што успешно го намалува стресот и напнатоста, има и лековит ефект и го подобрува здравјето!
Со редовното пливање се подобрува работата на кардиоваскуларниот систем, се зацврстува мускулатурата и совршено се обликува телото, извонредно е и за болки и затегнатост во вратот, рбетот, ги смирува нервите, го опушта умот. Накратко, одлично е за благосостојбата и здравјето на целото тело.
Пливањето ја зголемува самодовербата
Кога пливаш не само што гарантирано ќе ти се подобри самодовербата, туку ќе почнеш веднаш да се чувствуваш подобро!
Доколку го практикуваш редовно, може да ти помогне да го изградиш телото од твоите соништа, да ти го подобри расположението и здравјето!
Според експертите, доволно е да пливаш по половина час три пати неделно, за да ги искусиш позитивните ефекти и за да почнеш да се чувствуваш посреќно и позадоволно.
Се покажало дека луѓето кои го вклучиле пливањето како нормален составен дел на нивниот живот, подобро се справуваат со секојдневните стресови, помалку се склони кон развој на анксиозност и депресија, и воглавно почнуваат да се чувствуваат подобро во врска со себе.
Дури и животот или престојот до голема површина на вода, како река, море или езеро, докажано има позитивен и смирувачки ефект. Но, ако ти не си еден од тие среќници кои живеат до вода, не барај изговор и посети го најблискиот базен уште сега!
Пливањето те поттикнува да живееш во моментот
Пливањето промовира свесност за животот овде и сега, инстантно поттикнувајќи те да бидеш присутен во сегашниот момент.
За да останеш на површината на водата и да се придвижуваш, потребно е да дишеш во правилен ритам, истовремено стегајќи ги и опуштајќи ги сите мускули на твоето тело. За време на овој процес, твојот ум мора да е потполно фокусиран на координираните движења на твоите раце и нозе.
Притоа, речиси магично, често се случува сите грижи и напнатост одеднаш да исчезнат. Непланирано и без напор, ти ќе се најдеш во една медитативна состојба која истовремено ќе го опушти и твоето тело и твојот ум.
Ако се уште си во потрага по најдобриот, најосвежувачки и најкул начин за да го намалиш стресот, верувај дека токму сега го најде, а се што ти преостанува да направиш е само да си го побараш костимот за капење.
За целосно успешен анти-стрес рецепт, во ритуалот вклучете и смирувачки коктел како оној на Dr. Viton Magnezan B6. Одлична комбинација на минералот магнезиум и витаминот Б6 кои ќе го смират нервниот систем и ќе му дадат на телото нова енергија ослободена од кортизол.
Појдете на базен преплавени со окситоцин, хормон на среќата, кој во голема мера ќе се излачи благодарение на Dr. Viton Magnezan B6. Во ваква состојба целосно ќе му се препуштите на моментот и ќе успеете да воспоставите балансирано функционирање на васкуларниот и хормонскиот систем.
Ако подобро ви делува после пливање, бидејќи ви ги релаксира напнатите и уморни коски и мускули, тогаш слободно пијте го по тренинг.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)