Пилинг кој ќе ја заштити вашата кожа во студените зимски денови

Во зимскиот период кожата е изложена на бројни негативни влијанија – ветар, ладен воздух и мраз. Овие природни појави може да создадат црвени дамки на кожата.

Црвените дамки на кожата, особено на лицето, сигурно не изгледаат убаво. За да ја избегнете оваа непријатност, направете природен серум кој не ја оштетува, а ја штити кожата во ладните денови.

Серумот направете го така што ќе помешате 15 мл масло од невен и арган, ќе додадеме пет капки од етерично масло на камилица и осум капки етерично масло од лаванда. Сето ова добро измешајте го и ставете го серумот во стаклено шишенце.

Би било добро овој серум да го мачкате секојдневно на лицето, особено ако имате осетлива кожа.