Пет митови за алергиите

Сезоната на алергии предизвикани од полен, кои секоја година влијаат на се поголем број на луѓе e еден од најголемите пролетни проблеми. Причината е во желбата областа околу вас да ја одржите стерилна, но и многу честата употреба на антибиотици и зголемувањето на автоимуни болести. Ви ги откриваме неколкуте најчести митови за алергии.

1.Мит. Колку е почист домот, толку е помал ризикот од алергии

Постарите генерации беа во чест контакт со нечистотија и бројни микроорганизми, поради што и нивниот имунолошки систем е посилен, велат експертите. Додека алергиите на полен обично се јавуваат во адолесценцијата и подоцна во животот, алергиите на храна се појавуваат уште во детството. Затоа, секојдневното чистење со правосмукалка, чистење и дезинфекција нема да го намали ризикот, детето да страда од алергии во подоцнежна возраст. Сепак, ако сте алергични на домашен прав , секако, добро е да се намали изложеноста на овие алергени.

2.Мит. Некои видови на храна не можат да предизвикаат алергија

Факт е дека околу 90 проценти од алергијата на храна потекнува од осум исти видови на храна: кикирики, јаткасто овошје, млеко, јајца, соја, пченица, риба и школки. Но, тоа не значи дека другата храна не може да предизвика алергии, тврдат имунолозите

3.Мит. Антихистамин треба да се земе уште во почетокот по појавата на првите симптоми.

По појавата на различни симптоми, како што се алергиски ринитис, кивање, кашлање или астма, антихистаминиците сами по себе нема да ви помогнат. Имунолозите тврдат дека овие лекови треба да се земат дури и пред почетокот на симптомите,  во вообичаеното време на настанување на алергии. Ако алергиската реакција е акутна, потребни ќе ви бидат и лекови за подобрување на дишните патишта.

4.Мит. Некои кучиња не предизвикуваат алергии

Се верува дека некои раси кучиња, како што се пудлите, кои наместо крзно имаат долги влакна, не предизвикуваат алергии. Сепак, една британска студија докажа дека не постои тип на куче кое нема да предизвика алергии кај луѓето алергични на животински влакна.

5.Мит. Детските алергии се минливи

Иако постојат можности за децата кои имаат алергија на некој вид на храна во младоста да може да ја надраснат оваа алергија, тоа не е универзално правило. Поточно, во една шведска студија, истражувачите ги следеле реакциите на деца на возраст од 5-10 години, кои биле алергични на полен. Дванаесет години подоцна, повеќе од 90 проценти од нив се уште имале таков вид на алергија.