Пет комбинации на храни кои вашата здрава исхрана ја прават уште поздрава

Кога ќе помислиме на идеална комбинација на храна, вообичаено помислуваме на стек и компири, сланина и јајца или колачи и млеко. Но, комбинирање на одредени храни може да ви обезбеди подобро здравје, вели Александра Касперо, експерт за храна и хранливи материи.

„Кога станува збор за апсорбција на хранливи материи, комбинирање на одредени храни може хранливиот оброк уште похранлив“, вели Касперо. МНогу витамини и минерали синергетски дејствуваат заедно, вели таа, мислејќи дека добивате повеќе корист ако ги комбинирате. Можете значително да го подигнете на повисоко ниво вашето здравје ако ги пробате овие едноставни, вкусни комбинации на храни :

Посно говедско месо и брокула

Недостатокот на железо е едно од најчестите хранливи недостатоци во САД, според Центарот за контрола и превенција на болести. Особено жените имаат ваков недостаток, а тоа може да доведе до проблеми со крвта и замор. Бидејќи витаминот Ц помага да се апсорбира железото, вели Касперо, комбинирање на говедско месо богато со железо или леќа со брокула или домати кои се богати со витамин Ц е одличен начин да се подигне нивото на железо.

[rpi]

Јаболки и боровинки

Овошјето содржи фитохемикалии, здрави антиоксиданси кои можат да намалат ризикот од срцеви заболувања и канцер. Кога јадете различни овошја, нивните антиоксиданси се размножуваат, објавено е во една студија во „Дневникот за нутрицизам“. Таа студија покажа дека се зголемува порастот на натиоксидантни активности кога луѓето јадат комбинирано овошје.  Според студијата, наместо да полните садови со боровинки или да грицкате јаболка, преполовете ги и изедете ги заедно бидејќи така ќе ви обезбедат повеќе придобивки против болести. Дури и повеќе, вели Касперо : со комбинирање на неколку различни овошја во овошни сокови, како еден од оние 20-тина здрави овошни сокови.

Домати и авокадо

Доматите ја добиваат својата светла црвена боја од ликопените, здрав каротеноид кој има антиоксидантни својства и исто така, го блокира растот на канцерогени клетки, според истражувањето од клиниката „Мајо“. Истражувачите од Универзитетот од Орегон откриле дека мастите помагаат телото да го апсорбира ликопенот. Јасно е, време е да му додадете малку исецкани домати или авокадо на вашиот гвакамол.

Туна и кељ

Калциум и витамин Д се најважните хранливи материи за цврсти коски, известува Националниот Институт за здравство. Касперо препорачува комбинирање на туна која е богата со витамин Д или лосос со кељ кој е одличен извор на калциум.

Путер од кикирики и банани

На вашето тело и мускули му требаат протеини и карбохидрати за закрепнување и зацврстување по напорно вежбање. Касперо предлага да направите перфектна комбинација од овие макронутриенти со путер од кикирики и банана.