Сокот од три вида овошје ќе ве нахрани, освежи и ќе му ги даде сите потребни хранливи состојки на вашето тело.
Јагода
Многу моќен антиоксиданс кој ги чува клетките од слободните радикали. Само осум јагоди на ден се доволни за да се обезбеди дневна доза на витамин Ц. Јагодите содржат големи количини на фолна киселина и витамин Б9 и му обезбедуваат на телото и влакна кои се потребни за добро варење.
Банана
Слатко, убаво и кремасто овошје кое секој го сака, преполна е со калиум кој ја зголемува енергијата. Изобилува и со минерали како магнезиум, калциум, железо, цинк и витамини од Б групата, како и витамин Ц и Е. Одлично делува при спречување на глад.
Портокал
Ова сочно и ароматично овошје е преполно со витамини, меѓу кои најмногу витамин Ц кој го зајакнува имунолошкиот систем и му дава енергија на телото. Портокалот содржи минерали како што се калциум и магнезиум, како и многу други хранливи материи.
Замислете како сите овие овошја делуваат во комбинација. Прочитајте го рецептот за совршен енергетски пијалак:
Состојки:
- 1 чаша исцеден сок од портокал
- 8 до 10 јагоди со средна големина
- 1 банана
- неколку коцки мраз
Подготовка:
- Овошјето ичистете го и измијте го, а банана излупете ја и исечкајте ја на парчиња.
- Состојките ставете ги во блендер и додадете мраз
- Сето тоа добро измешајте го и послужете веднаш
- Напитокот испијте го за појадок или помеѓу оброци.