Покачениот притисок е тивок убиец, многу луѓе се соочуваат со него а не знаат, затоа што симптомите се појавуваат дури кога е премногу доцна.
Кога крвта протекува низ артериите со покачен притисок предизвикува компликации во различни делови од телото.
Но најголем ризик од оштетување е изложено токму срцето.
Срцето е еден од најчувствителните органи во нашето тело. Под влијание на покачениот крвен притисок може да дојде до оштетување и нарушување на неговата работа.
Најчеста компликација од хипертензијата е коронарната срцева болест, односно атеросклероза при која артериите се стеснуваат поради наталожување на плак.
Плакот кој најчесто е наталожен холестерол ги прави поцврсти и помалку еластични артериските зидови и кога крвта протекува низ ваквите артерии под дејство на покачениот притисок тие може да се оштетат па дури да доведат и до срцев удар.
Срцевиот удар е еден од најопасните и најчестите последици на покачениот крвен притисок.
Кога срцето работи под покачен притисок, тоа е принудено да се измачува затоа што ја пумпа крвта многу побрзо и посилно отколку во нормални услови. Ваквата напорна работа со тек на времето може да го ослаби срцевиот мускул и тој да откаже со работа.
Аритмиите при кои срцето работи со неправилен ритам значително може да се влошат во случај на хипертензија. Ангина е состојба која се одликува силна болка во градите и таа честопати е последица токму на покачениот крвен притисок.
Денес хипертензијата е се почеста појава и тоа не само кај повозрасните туку и кај помладите лица. Стручњаците советуваат дека е подобро оваа помолна болест да се спречи отколку да се лечи, а тоа за среќа може да се постигне со промена на начинот на живеење, откажување од нездравите навики, поздрава исхрана и дополнување на истата со соодветни природни додатоци.
Омега – 3 масните киселини се едни од најбараните природни додатоци кои имаат моќно дејство за намалување на покачениот крвен притисок.
Со студии е откриено дека за да се постигне значително намалување на притисокот, потребно е да се земаат од 3 до 6 грама ЕПА и ДХА дневно и намалувањето ќе е слично ко она што го предизвикуваат хемиските лекови, но без несаканите ефекти!
Омега – 3 масните киселини одлично се поднесуваат, но не треба да ги користат луѓето алергични на морска храна, а само под надзор на лекар би можело да ги користат лицата со нарушено крварење, и лицата кои користат лекови кои го зголемуваат ризикот за крварење.
Истотака Омега -3 киселините поради тоа што може да го зголемат ризикот од крварење, како аспиринот или како белиот лук, не смее да се земаат две недели пред или после операција.
Поради своето лековито дејство Омега -3 масните киселини треба да се составен дел од исхраната на секој оној кој страда или е изложен на ризик за појава на покачен крвен притисок.
Dr.Viton Omega -3 е висококвалитетен додаток во исхраната кои ги содржи овие драгоцени масни киселини!
Dr.Viton OMEGA-3 е достапен во аптеките на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, и во други подобро снабдени аптеки, а го има и на рафтовите во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!
Нарачај го веднаш онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega3/
или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Dr.Viton OMEGA-3 ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!