Откриен е тест кој може да го предвиди ризикот од срцев удар

Американските научници од Скрипс Рисерч институтот открија тест на крвта наменет за откривање на лицата со многу висок ризик од срцев удар (инфаркт) .

Стручното списание “Психичка биологија”, вели дека дејството на тестот е врз основа на откривање на специфичен биомаркер во крвта.

Клучниот биомаркер е поврзан со наслагите на ѕидовите на крвните садови кои доведуваат до срцевиот удар, а е откриен после проучувањето на 10 милиони клетки.

Во досегашните истражувања учествуваа 104 испитаници, а тестот беше 100 отсто точен.

Истражувачите сега имаат намера да ја проверат точноста на тестот на група испитаници кои тукушто имаат добиено симптоми на инфаркт.

Според нив, новиот тест ќе им го олесни поставувањето на дијагноза на лекарите за итни случаи кај пациентите кои се жалат на болки во градите.