Остеопороза кај мажи

Мажите имаат далеку помали шанси за остеопороза од жените, иако може да имаат полоши последици од оваа болест. Процените се дека околу два милиони американски мажи имаат остеопороза, а 8 до 13 милиони луѓе имаат ниска густина на коските, што е предуслов за остеопороза.

Повеќето жени во истражувањето рекле дека би прифатиле скрининг за остеопороза, а само 25 % од мажите се сложиле на тоа. Жените повеќе од четири пати од мажите преземаат мерки за спречување на остеопороза, земање на калциум и витамин Д, како и слични додатоци.

„Бевме изненадени колку е голема разликата помеѓу мажите и жените кога станува збор за остеопороза“, изјавила авторката на студијата д-р Ирина Дашкова, геријатриски соработник од здравствениот систем „Норт Шор-ЛИЈ“ во Њу Хајд Парк, држава Њу Јорк.

„Позитивен е фактот дека долговечноста расте кај американската популација, но ние знаеме, на основа на истражувања дека мажите имаат скршеници поради остеопороза, нивниот морталитет е поголем отколку кај жените и со потешки медицински последици поради слабата густина на коските. Во нашето опкружување се смета дека остеопорозата е женски проблем, а не машки и тоа мора да се промени, што порано, тоа подобро“, рекла д-р Ирина Дашкова во соопштението.

Резултатите се неодамна објавени на годишниот состанок на Американското геријатриско друштво во Вашингтон.

[rpi]

Некои здравствени проблеми и лекови кои ја „поттикнуваат“ остеопорозата се специфични за мажите, вклучително и некои лекови за лечење на рак на простата, истакнуваат истражувачите.

Д-р Жизел Волф-Клајн, програмски директор за геријатриско заедништво, соработувала со д-р Дашкова на истражувањето : „Нашето истражување јасно утврдило дека пациентите и лекарите едноставно не размислуваат за скрининг на мажите на остеопороза. На коските на постарите мажи обично се обрнува внимание дури кога ќе паднат и скршат колкот, па дури тогаш се преземаат мерки да не скршат и друг колк“.

Заклучок

Фактите говорат дека во Америка, но и кај нас, друштвото во целост не е свесно за проблемите на остеопороза кај мажите, па затоа мажите обично не бараат скрининг ниту добиваат дијагноза на време.