Дали верувате дека само за 5 минути можете да се истегнете, задишете и препотите? Ќе ви ја откриеме програмата на вежби со која дефинитивно ќе се расоните, но и ќе ја здржите физичката кондиција.
30 секунди стомачни
На почетокот не е важно колку стомачни ќе направите за половина минута, туку правилно да ги правите. Само после неколку дена ќе забележите подобрување.
1 минута скокање
Скокајте интензивно, но не толку за да се изморите и да не сте во состојба да ги работите другите вежби.
1 минута истегнување во положбата наречена куче со лицето надоле
Оваа јога вежба се работи така што ќе ја заземете положбата на куче, т.е. ќе се спуштите на сите четири. Колената се под колковите, а рацете малку испружени напред. Додека издишувате подигнете ги колената од подот. Потоа подигнете го задникот и коските на кои седите. Додека следниот пат издишувате издигнете ги бутовите и задникот нагоре, а петите кон подот. Држете ја главата помеѓу рацете и гледајте во бутовите. Во оваа положба останете 10 секунди, а потоа вратете се во првобитната положба. Повторувајте додека да помине една минута.
1 минута скокање. Скокајте!
30 секунди. Уште стомачни!
1 минута наизменични чекори.
Ќе забележите дека нозете ќе ви изгледаат подобро по изведувањето на оваа вежба без разлика што ја правите само една минута.