Диетата на Марк Битмен гарантира загуба на 15 до 20 килограми, а се базира главно на веганска храна. Самиот Битмен се хранел според оваа диета и за 12 недели ослабел 16 килограми и го подобрил своето здравје, особено холестеролот. Задоволен од личниот успех Битмен напишал книга посветена на оваа диета. И новата ѕвезда меѓу диетите е веќе родена.
Основната идеја на VB6 е до 18 часот во неограничени количини да се јадат само овошје и зеленчук, а во мала количина се дозволени и житарки, авокадо, компир, печурки, дозволена е употреба на масло, засладувачи, но и малку суво овошје. После 18 часот дозволено е месо, јајца и млечни производи, риба, морски плодови и мала количина алкохол.
Се препорачува храната да се подготвува дома, а девизата на оваа диета е „квалитет, а не квантитет“. Всушност, појадокот и ручекот се вегански, а вечерата може да биде и гурманска. Најмал период за придржување на оваа диета е 1 месец, но според Битмен најдобри резултати се постигнуваат ако оваа диета стане дел од вашиот живот.