Ориганото го спречува создавањето на канцерогениот материјал во месото

Ориганото е зачин кој го употребуваме со цел да го подобриме вкусот на храната, но при тоа и се заштитуваме од канцерогените материјали.

Едно ново американско истражување докажало дека месото кое се зачинува со оригано пред да биде готвено, ослободува помалку канцерогени матреијали при готвењето. Само мала количина би била доволна за да се постигне овој ефект.

Освен овој ориганото има и многу други позитивни ефекти, како што се: помага при настинка и воспалено грло, болки во стомакот, ги убива бактериите во нашиот организам.