Омега-3: Природен сојузник за здравјето на твоето дете

Во текот на целата учебна година, твоето дете е изложено на разни предизвици. Училишните обврски и контактите со соучениците можат да доведат до вируси и настинки. Како родител, веројатно постојано бараш природни и ефикасни начини да го зајакнеш имунитетот на твоето дете и да му помогнеш да одржи високо ниво на концентрација. Еден од најдобрите сојузници во оваа борба е Омега-3, незаситените масни киселини кои играат клучна улога во здравјето на децата.

Омега-3: Природен штит за имунитетот

Децата често се изложени на инфекции, особено во затворени простори како училниците. Омега-3 масните киселини, особено EPA и DHA, се познати по своите антиинфламаторни својства и помагаат во јакнење на имунитетот. Студии објавени во American Journal of Clinical Nutrition покажуваат дека редовниот внес на Омега-3 го намалува времетраењето на респираторните инфекции и помага во побрзо закрепнување од настинки.

Омега-3 за подобра концентрација и учење

Концентрацијата и фокусот се клучни за успехот на твоето дете во училиште. DHA, важен дел од Омега-3, игра значајна улога во развојот на мозокот и нервниот систем. Истражувања покажуваат дека редовниот внес на DHA го подобрува когнитивниот развој, што резултира со подобро помнење и повисоки оценки. Студија објавена во Journal of Child Psychology and Psychiatry открива дека деца кои добиваат доволно Омега-3 масни киселини имаат подобрени когнитивни способности и полесно учат.

Поддршка за eмоционалното здравје

Емоционалното здравје на децата исто така се поддржува од Омега-3. EPA и DHA помагаат во регулирање на расположението и намалување на симптомите на анксиозност и депресија. Студии објавени во Journal of Pediatrics покажуваат дека емоционално стабилни деца имаат поголеми шанси за успех во училиште и подобар фокус на училишните обврски.

Подобрување на сонот

Квалитетниот сон е важен за растот и развојот на твоето дете. DHA, која е дел од Омега-3, помага во подобрување на квалитетот на сонот. Истражувањата потврдуваат дека деца кои консумираат доволно Омега-3 имаат подолг и подлабок сон, што позитивно влијае на нивното физичко и ментално здравје.

Пријатен вкус кој децата го обожаваат

Иако рибата е најбогат природен извор на Омега-3, многу деца не го сакаат нејзиниот вкус. Со Dr. Viton Omega-3 Junior, оваа есенцијална масна киселина е достапна во форма на желе – бонбона, со пријатен вкус која ќе прифатат со задоволство. Со овој додаток, можеш да бидеш сигурен дека твоето дете ќе ги добие потребните Омега-3 за здрав и успешен развој.

Одбери Омега3 во форма на гумени бонбони со тропски вкус

За да ги искористиш сите придобивки од Омега-3 масните киселини, внесувањето треба да биде редовно-на дневно ниво. Dr. Viton Omega-3 Junior пастилите кои се многу вкусни, може лесно да станат дел од дневната рутина на твоето дете. Без мачење со рибата на трпезата – овој додаток е решението кое ти е потребно.

Производот ќе го најдете во аптеките на: Еурофарм, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Роса Вита, Алпи Фарм, Вивалек, ДНА Анни Фарм, и Cosmo – Tinex, како и сите подобро снабдени аптеки

Mоже да го нарачате ONLINE: https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega-3-junior/

Може да го нарачате и на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!