Болките во колената може да се појават на секоја возраст, дури и кај многу млади лица, а најчесто ги предизвикуваат : голема оптеретеност, истрошеност на чашките и наслаги.
За да ја спречиме појавата на артроза виенскиот професор Хадемар Банкхофер препорачува лечење со исхрана и тоа внесување на растителни масла, ѓумбир и риба богата со Омега – 3 масни киселини. Банкхофер тврди дека со нанесувањето на природни средства ( масло од камилица, кантарион, маслиново масло, како и азиската „ тигарска маст“) може да се направи чудо. Коренот од ѓумбир исто така има благотворно дејство на овие тегоби : Изренданиот корен нанесете го на коленото, лесно триејќи го, а покрај тоа треба да пиете и чај од ѓумбир.
Банкхофер смета дека од голема помош може да биде и редовното консумирање на морска риба (лосос, харинга и скуша) богати со масните киселини омега 3, кои ги зајакнуваат зглобовите и срцето, а ги ублажуваат и воспаленијата.