До пред околу една деценија, исхраната без масти се сметаше за најдобар начин за борба против дебелината и несаканите проблеми со телесната тежина ширум светот.
Сепак, не сме доволно свесни дека нѐ сите масти се штетни за телото, и дека добрите масти всушност помагаат во борбата и спречувањето на болестите, со што се обезбедува добро здравје и благосостојба. Има нов играч во тимот кога станува збор за здравјето и тоа е на чекор до Вас. Омега-3 масни киселини се клучни играчи во функција на неколку телесни процеси, што ги прави клучни компоненти за оптимално здравје.
Зошто се важни Омега-3 масните киселини?
Постојат две главни причини зошто Омега-3 маснотиите треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана:
– Ги прави клеточните мембрани флексибилни и еластични. Здравите клеточни мембрани овозможуваат непречен проток на повеќе хранливи материи;
– Се борат против воспаленија: поврзано е со хронични болести кои вклучуваат Алцхајмерова болест, тип 2 дијабетес, рак и срцеви заболувања.
Здравствените придобивки на Омега-3 се бесконечни, тие вклучуваат намалување на воспалението со намалување на продукцијата на воспалителни простагландини и намалување на нивото на кортизол, што е хормон кој се секретира како одговор на стресот.
Здраво срце
Омега-3 масните киселини се многу корисни за оние кои имаат кардиоваскуларни болести.
Омега – 3 масните киселини ги спречуваат нарушувањата во срцевиот ритам или аритмијата.
Омега-3 покажаа способност за подобрување на нивоата на липиди, вклучувајќи и намалување на триглицеридите (додатоци на атеросклероза).
Ја намалуваат артериската вкочанетост и времето на коагулација на крвта. Може да помогне во борбата против дебелината – главен фактор на ризик кај срцеви заболувања – преку помагање при супресија на апетитот, зголемен развој на посно ткиво и намалување на депонирањето на мастите (хранливи материи).
Двигатели на мозокот
Омега-3 мастите помагаат при функциите на мозокот и помагаат за поголема и поостра меморија. Го намалуваат стресот и го подобруваат расположението.
Да гледаме чисто и јасно без очила
Омега-3 се посебно корисни за мрежницата, што е чувствителна на светлина, ткиво во задниот дел на окото кое ги преведува сликите во електрични сигнали и ги испраќа до мозокот. Ова помага да се објасни зошто повисоките нивоа на Омега-3 се поврзани со помал ризик од макуларна дегенерација поврзана со возраста, што е главна причина за слепило.
Dr. Viton – Omega 3 можете да го нарачате онлајн ➡️
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega3/
Dr. Viton – Omega 3 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)