Во организација на „Dancers United МК“ (Македонија) од 12-14 Септември 2014 година ќе се одржи првиот по ред “Охридски танцов фестивал.”
Организаторите се потрудија во Вечниот град на светлоста – Охрид, за сите учесници да обезбедат одлична забава која ќе трае од раните вечерни часови до зори. Исто така, покрај одличната музика, танцот, забавата, забавата на плажа, организаторите обезбедија работилници, каде што на учесниците кои покажуваат интерес во одредена стилови на танцување, ќе им бидат обезбедени бесплатни часови.
Предавачи кои своите танцови вештини ќе го споделат со сите учесници, се некои од познатите имиња како во регионот, така и во светот, а тоа се : Ведран Марчета (Сараево, БиХ), Лејна Кариќ-Лубарда (Сараево,БиХ), Арисон Лопез (Доминиканска Република ), Хуан Де Диос Гала (Куба), Иван Јовановиќ и Ивана Јовановиќ (Подгорица, Црна Гора), Нермин Кочан и Сара Ќаили Кочан (Скопје, Македонија), Сања Васиљевиќ (Нови Сад, Србија), Катерина Стојковска (Скопје, Македонија), но важно е да се напомене е дека ова не е конечниот список.
Котизацијата за сите три дена на фестивалот е 100 Евра (за плаќање до 31 Август 2014 година.) или 115 Евра (за плаќања во Септември 2014), а вклучува и пропусници до сите работилници, забави, како и сместување со појадок во Силекс (хотел со 4 ѕвезди ****).
Уживајте во салса на еден, салса кубана, салса „Руеда Де Казино“, бачата, Доминиканска бачата, бачатангу, танго, афро – румба, зуку, кизомбаи, регетон, ча – ча и во многу други стилови.
Сите кои се заинтересирани за учество во оваа манифестација, повеќе информации може да најдат со посетување на официјалната „Фејсбук“ страница „Dancers United МК“ или на интернет – презентацијата www.dancersunitedmk.org.
Повелете & резервирајте: 070 214 561
Авторските права на текстот ги задржува редакцијата на http://www.ekskluziva.ba/