Британските научници направија истражување за да видат дали овошјето и зеленчукот можат да помогнат при одвикнување од пушењето и за наша среќа добија позитивни резултати.
Научниците опфатиле повеќе од 1 000 испитаници кои биле постари од 25 години. Дел од нив често користеле овошје, додека другиот дел тоа го правеле многу ретко. Според истражувањето луѓето што редовно користеле овошје и зеленчук многу полесно се одвикнале од пушењето, за разлика од оние кои ретко го правеле тоа.
Причината за ова тие ја наведуваат во тоа што редовната конзумација на овошје и зеленчук му обезбедува на организамот особено важни хранливи елементи кои го прават појак и поотпорен на зависност. Освен тоа, докажано е дека луѓето кои конзумираат овошје и зеленчук пушат процентуално многу помалку во текот на денот, од оние кои ретко го прават тоа, што е уште една причина плус зошто овие луѓе полесно можат да ги остават цигарите.
Истражувањето било објавено во списанието Nicotine and Tobacco Research, а научниците во него уште еднаш го потенцираат штетното влијание на цигарите и позитивното влијание на овошјето и зеленчукот и потенцираат дека освен што се здрави за телото се и доста ефективен метод за одвикнување од оваа штетна навика.