Нордиско одење, за здраво срце & совршено обликувано тело

Дисциплината која некогаш во Финска беше омилен летен спорт, прилагодлива е за сите годишни времиња. Поради активностите на горниот дел од телото во текот на нордиското одење, овој спорт е 40-50 проценти поефикасен од обичното одење.

Потрошувачката на калории е исто така поголема, а работата на срцето е поинтензивна. Нордиското одење ги зајакнува мускулите на рацете и рамената, но и го поттикнува и срцето и крвотокот. Овој спорт доста позитивно делува на целиот имунолошки состав и помага при смалување и држење под надзор на крвниот притисок.