Немате волја за ништо? Верувате дека сите се посреќни? Не е до вас, ви недостасува магнезиум и Б6!

И кога сите овци ви се на број, вие се чувствувате некомплетно, несреќно и имате чувство како нешто да ви недостасува иако и самите не знаете што е тоа?

Скролате по телефонот и се чувствувате мизерно што сте дома додека сите се на плажа. Што за разлика од вашата сосетка, вашето тело не е во топ форма. Што не напредувате во кариерата иако имате двојно поголем стаж од вашата колешка која стана директорка.

Ако ваквото чувство ве следи постојано, тогаш голема е веројатноста да страдате од современата дијагноза на која не ѝ го знаете ниту името. Станува збор за страв од пропуштеното или Fear of missing out (FOMO).

Ваквиот страв не е нов, се среќава уште во античките записи, но официјално како состојба е разгледувана и испитувана во 1996-тата. Во нормални количини, ваквиот страв е пожелен бидејќи ги поттикнува луѓето да се натпреваруваат едни со други и да даваат подобри резултати. Но, кога стравот е претеран, тогаш сте изложени на сериозна доза стрес, незадоволство и мрзоволност.

Социјалните медиуми направија овој проблем да добие пандемски размери. Достапноста на туѓите животи разубавени со филтрите, кај секој еден успеваат да ја искриват сликата за сопствениот живот. Одеднаш ништо не ни чини, не сме доволно нашетани, дотерани, згодни, мудри.

Ако не успевате да го контролирате ова чувство штом пристиснете sign out од социјалните медиуми и тагата и депресијата ве следат постојано, тогаш време е за рестарт. За да ја вратите волјата и да ја смените перцепцијата дека вашиот живот не е ништо помалку вреден, неопходно е да зададете двоен удар.

Прво, дистанцирајте се од социјалните мрежи колку што можете повеќе. Второ, нахранете го мозокот и нервите за да почнат да работат во ваша корист. А знаете ли која е најдобра храна за мозокот и нервите? Порцијата составена од две состојки: Магнезиум и Витамин Б6.

Со Dr. Viton – Magnezan B6 си обезбедуваш ефикасна метода да го држиш под контрола нивото на кортизол, бидејќи кога си под стрес, надбубрежните жлезди лачат уште повеќе од овој хормон кој може лесно да де доведе во состојба на анксиозност, хроничен замор, депресија, ослабено помнење и срцеви проблеми.

Истражувањата покажуваат дека минералот магнезиум е одличен за стабилизирање на расположението. Тој ги редуцира симптомите на луѓето кои се соочуваат со блага депресија или анксиозност. Како? На тој начин што поттикнува серотонин. Серотонинот е одговорен за пренос на пораките меѓу нервните клетки. Од него зависи расположението, емоциите, когнитивните фунции, апетитот, моторните и автономните функции.

Витаминот Б6 е главниот анти-стрес витамин по кој сите посегнуваме. Неопходен е за протеински метаболизам на клетките, нормално функционирање на нервниот и имуниот систем, создавање на хемоглобинот во црвените крвни зрнца и нормална хормонска активност.

Зошто е добро да ги пиете во комбинација? Бидејќи, витаминот Б6 ја подобрува апсорпцијата на магнезиумот!

Dr. Viton – Magnezan B6 е природен микс кој совршено и експресно го намалува стресот и ја елиминираат нервозата и напнатоста. Со него и животот повторно е убав!

Dr.Viton – Magnezan B6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Magnezan B6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на dm и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)