Неколку мудри работи кои треба да ги направиш за конечно да го победиш стресот

Според сознанијата и мислењето на некои експерти, справувањето со стресот се сведува на две главни работи: “разбирање и делување”, но всушност вистината е дека тебе не ти ни треба психолог за да го разбереш сопствениот стрес и за да реагираш!

Стресот е нормална појава.  Сите ние чувствуваме стрес кој понекогаш е поврзан со работата, со семејството, со правењето на големи и важни одлуки или пак стрес предизвикан од големи животни настани како болест, смрт, развод итн.

Помалите секојдневни настани истотака предизвикуваат стрес.  И овој стрес не секогаш е очигледен туку се насобира и накрај има кумулативен ефект и силно може да предизвика негативно влијание врз твоето ментално и физичко здравје.

Но, без да си свесен за она што те стресува и вознемирува, мали се шансите дека би можел самиот да си помогнеш и да почнеш да живееш со помалку стрес.  И токму затоа многу е важно да се обидеш да ги детектираш оние работи кои тебе ти предизвикуваат стрес и да делуваш во насока на нивно отстранување или на поздраво справување со истите.

  • Започни со мали чекори и не размислувај премногу.
  • Земи предвид дека понекогаш стресот може да е поврзан со твоите основни потреби како човечко суштество.
  • Запрашај се себеси: Дали спиеше добро претходната ноќ?
  • Дали јадеше навреме или дали денес јадеше доволно?
  • Ако вообичаено сe занимаваш со некоја физичка активност, запрашај се дали вежбаше денес?
  • Размисли дали во твојата дневна рутина имало некаква промена, затоа што повеќепати стресот може да е предизвикан и од нешто навидум небитно и мало.

Секој човек има по некое од оние утра кога се оди наопаку. И обично помислуваме дека во прашање е некаков малер, но психолозите имаат објаснување и за тоа, тие велат дека ваквиот “домино ефект” во негативна конотација, е резултат на тоа што луѓето не одвојуваат доволно време за да се обидат да разберат што се случува, да застанат да земат здив и самите да се обидат да го свртат остатокот од денот во своја корист.

Со други зборови, ако направиш пауза кога се наоѓаш како во некоја мелница или вртлог од настани, и направиш мала анализа на тоа што и зашто се случува, големи се шансите дека ќе ти се разбистри умот и ќе најдеш добар начин како да го поправиш она што тргнало да се тркала по надолна линија, и токму така ќе спречиш и ескалирање на доживеаниот стрес.

Затоа биди директен сам со себе и запрашај се “како јас ќе се справам со ова?” најди го одговорот и делувај во таа насока.

Од друга страна ако приметиш дека твојата секојдневна рутина, го зголемува твојот стрес, размисли што можеш да направиш во врска со тоа, и обиди се да создадеш нови здрави насоки.

Без оглед дали е да почнеш да се будиш порано, или да го намалиш кофеинот, да слушаш мотивирачка музика наутро или што и да е друго, секоја позитивна промена може да направи голема разлика во твојот ден.

Dr. Viton – Magnezan B6 е природен микс од најмоќниот минерал – МАГНЕЗИУМ и докажаниот витамин – Б6 кој совршено и експресно го намалува стресот и ја елиминираат нервозата и напнатоста.

Магнезиумот, како основа на Dr. Viton – Magnezan B6  е познат антистрес минерал, кој природно го регулира хормонот на стрес, но кој истовремено поради стрес и вознемиреност се троши и е во дефицит. Благодарение на мангнезиумот, протокот на нервните импулси е во рамнотежа, мускулите се опуштени, нервите се заштитени и не дозволува стресот да влијае на целокупниот механизам на телото.

Витаминот Б6 како надополнување во Dr. Viton – Magnezan B6   игра важна улога во регулирање на хормоналните активности, во метаболизмот на создавање енергија и влијае на нормалната психолошка функција.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во dm дрогериите, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)