Не се вади на стрес кога ти фали магнезиум

„Ме боли глава!“ Под стрес си.

„Навечер не спијам!“ Да не си под стрес периодов?

„Цел ден го преспав и пак сум уморна!“ А пиеш ли нешто за стрес?

Дали и вие имате чувство дека сите психички, па и физички проблеми му ги препишуваме на стресот? Значи решението треба да е многу едноставно, треба само да најдеме лек против стрес и завршена работа, нели?

Факт е дека стресот е двигател на низа непосакувани состојби, но факт е дека и честопати ни служи како изговор за да ја оправдаме недоволната грижа за себеси. Кога реални причини за стрес нема, а вие се чувствувате како да сте изложени на големи дози, многу веројатно не ги слушате сигналите што ви ги праќа телото однатре. Проблемот е едноставен, а решението уште повеќе.

Да скратиме, ви недостасува магнезиум и треба да почнете да пиете. Но, вие веќе пиете и пак нема ефект? Е токму тука лежи главниот проблем, магнезиумот има својства налик антидепресив, но само ако го пиете во пропишани дози и ако телото соодветно го апсорбира.

Како се однесува телото при недоволни дози магнезиум?

  • Вознемирени сте и имате нагласено чувство на страв
  • Ви недостасува волја
  • Тешко заспивате или не можете да го одржите сонот
  • Имате главоболка или болки во мускулите
  • Уморни сте

Магнезиумот игра две клучни улоги во мозокот:

  • Го регулира нивото на кортизол и на тој начин делува како кочница врз нервниот систем.
  • Ја блокира активноста на повеќе стимулирачки невротрансмитери и се врзува за смирувачките рецептори, на тој принцип го доведува телото во хармонија.

Прв удар: Храна богата со магнезиум

Факт е дека храната не е доволна за да го кренете нивото на магнезиум, но тоа не значи дека треба да ја прескокнете. Истото важи и за суплементите, никако не потпирајте се исклучиво само на нив. Ви треба сојуз од двете!

Ова се топ 4 намирници кои содржат магнезиум:

  • Зелен листен зеленчук (кељ, спанаќ, блитва)
  • Грав (бел, црвен, едамам)
  • Јатки (бадеми, бразилски ореви, индиски ореви)
  • Цело зрно (кафен ориз, киноа, леќа)

Втор удар: Суплемент

Кога веќе констатиравте дека ви недостасува магнезиум, мора да пиете и суплемент. Само со храна може да одржувате стабилно ниво, но не е да го коригирате истото. Постојат две сосем логични објаснувања зошто:

Модерен начин на култивација на храната. Земјоделските процеси го осиромашија магнезиумот и останатите минерали од почвата, а техниките за процесирање на храната го осиромашуваат магнезиумот за неверојатни 80 %.

Биохемиска индивидуалност. Факторите како генетика, метаболизам, здравствени состојби и останато, дефинира колку магнезиум и е потребна на една индивидуа за нормално да функционира. Оние кои страдаат од анксиозност, депресија и несоница, најверојатно треба да пијат и повеќе, но дозата мора да ја дефинирате со доктор.

Она што е сигурно и сосем безбедно за вас е магнезумот на Dr. Viton Magnezan B6. И самото име ви кажува, во формулата е додаден и број еден смирувачкиот витамин од Б групата. Ваквата комбинација е специјално креирана да работи на современиот начин на живот кој подразбира стрес.

Витаминот Б6 по природа е растворлив во вода и брзо се апсорбира, но докажано ја подобрува и апсорпцијата на магнезиумот. Што значи можете да бидете сигурни дека Dr. Viton Magnezan B6 целосно ќе стаса до секоја клетка во вашето тело.

И магнезиумот и витаминот Б6 го намалуваат нивото на кортизол, а на тој начин индиректно обезбедуваат наплив на серотонин во организмот кој ќе ви обезбеди остар ум, но и растеретени нерви.

Со Dr. Viton Magnezan B6 и повеќе стресот не е тоа што беше!

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)