Не ја фрлајте кората од лимон и дознајте ја нејзината лековита моќ

Веројатно после цедењето на лимонот сте ја фрлале кората. Ќе ве запознаеме со состојките и користа од кората од лимон, а и начините на кои можете да ја искористите за превенција и лечење на различни здравствени проблеми.

Кората од лимон содржи 5 до 10 пати повеќе витамини отколку сокот од лимон. Меѓу најважните витамини се : Ц, А, бета каротин, калциум, магнезиум и калиум.

Кората содржи состојки кои се важни во борбата против канцерогените елементи во телото. Најважни состојки се салвестрол Q 40 и лимонела кои се познати елементи во борбата против канцерогените клетки во почетен стадиум, а особено кај ракот на дојка, дебелото црево и кожата.

Кората од лимон е богата со витамините Ц и П (флавоноиди) кои кога се комбинирани ги чистат крвните садови и го снижуваат ЛДЛ холестеролот и крвниот притисок.

Кората од лимон е извонредна и како превенција од остеоропороза, односно за јакнење на коските.

Рецепт за сок од кора од лимон:

Земете дава лимона и добро измијте ги со детергент или сапун. Откако ќе го исцедите сокот, преостанатите кори исечете ги на што поситни коцки. Полијте ги со  2-3 дл топла вода и оставете ги да стојат 12 часа. Така добиениот сок пијте го на секои 3 часа по две лажици  и тоа пред и после секој оброк. Откако ќе го испиете целиот сок  направете нов и  повторете ја постапката.

Овој рецепт е идеален за артеросклероза, покачен холестерол и висок притисок и тоа поради големата концентрација на витаминот П кој ги чисти крвните садови и го јакне кардиоваскуларниот систем во со-дејство со витаминот Ц.

Консумирање на кората од лимон

Најдобриот начин за консумирање на самата кора од лимон е следниов :

Измијте го добро лимонот со детергент или сапун. После тоа оставете го да замрзне во замрзнувач. Кога ќе подготвувате јадење, извадете го лимонот и изрендајте ја кората во салата, риба, шницли или други јадења по ваша желба. Посебно се препорачува да го изрендате во топол чај, да почекате сокот да се растопи и потоа да го испиете чајот.

На овој начин ќе добиете освежувачки вкус на јадењата но, и што е уште поважно големо количество на витамини и антиканцерогени елементи.  Така би ја зголемиле заштитата на вашиот организам од рак и болести на кардиоваскуларниот систем.

Свежиот лимон исто така можете да го нарендате во различни јадења или чај, но, така неговиот век на траење е пократок отколку кога е замрзнат.

Најдобро би било да можете да најдете лимон одгледан на органски начин. Во спротивност треба добро да го измиете или оставете да стои во раствор од оцет и вода 10 до 15 минути пред да ја употребите кората, со цел да ги отстраните нечистотиите или хемикалиите од неговата површина.