Како да го решите проблемот со „нередовна“ столица и запек (констипација)

 

Многу луѓе имаат проблеми со нередовна столица и запек. Ова предизвикува многу проблеми и тоа е многу нездраво бидејќи наслагите на отпад се таложат во цревата. Покрај тоа луѓето кои имаат проблеми со столицата обично имаат проблем и со прекумерна тежина. Ќе ви кажеме докажани природни методи за да се ослободите од овој проблем. Сами изберете која метода,  најдобро функционира  за вас:

ЛЕНЕНО СЕМЕ : Сомелете го семето од лен, земете една лажица сомелено  семе и прелијте го со 2 дл про – биотичен јогурт или млака вода. Оставете да одстои  2-3 часа за да  семето добро ја впие течноста. Консумирајте 1-2 пати на ден. Ако имате посилен запек оваа смеса треба да  ја користите три пати на ден. Продолжете и кога состојба ќе се подобри, само намалете ја дозата на еднаш дневно, по можност наутро.

10 ЧАШИ ВОДА НА ДЕН : Ако имате проблеми со редовноста на столицата или запек, најдобриот и најпознат природен лек е голема количина на вода и тоа топла. Треба веднаш штом ќе  станете наутро,да испиете две големи чаши топла вода. Во текот на денот треба да испиете 10 чаши топла вода и задолжително по секој оброк по една. Топлата вода ќе го започне варењето и ќе ги потера сите токсини надвор. Понекогаш е потребно неколку дена од оваа терапија. Топла вода треба да пиете, особено кога ќе станете наутро и навечер пред спиење кога ќе ви се подобри состојбата за да се подобри и вашето варење на храната.

ЧАША ТОПЛА ВОДА СО СОК ОД ЛИМОН И  СОЛ : Наутро, кога ќе станете додадете лажичка сок од свежо исцеден лимон во чаша со топла вода и додадете  малку сол. Се измешајте и испијте  го пијалокот. Се користи колку што е потребно.

СУВИ СЛИВИ : Натопете преку ноќ во вода 10 суви сливи. Наутро кога ќе станете, изедете ги на празен стомак и испијте  ја водата во која стоеле. Користете ги секојдневно, додека варењето се стабилизира. По потреба  и потоа.

МАГНЕЗИУМ : Една од главните причини на запекот може да биде недостаток на магнезиум во организмот. Затоа, може да се обидете со додатоци на магнезиум или зголемена дневна потрошувачка на некои минерални води кои содржат многу магнезиум. Храна која содржи многу магнезиум, и која треба да се користи во исхраната се : бадеми, кикирики, спанаќ, итн.

Наведените методи се природни, ефикасни и релативно брзи. Сепак, со цел да имаате подобро варење, побрз метаболизам и редовна столица е многу важно да се усвојат следниве навики:

– Подолго џвакање на храната, а со тоа и нејзино подобро натопување со плунка.

– Балансирана исхрана со многу свежо овошје и зеленчук.

– Што помалку бело брашно, кое е една од главните причини за послабо варење, запек и на тој начин на собирање на нечистотија и маснотии во телото.

– Јадете тестенини од интегрално брашно, трици, итн.

– Движење,  луѓето кои се движат или имаат дневна физичка активност по правило никогаш не страдаат од запек и дебелина. Пешачењето е доволно добро, ако не сте во можност да имате друга физичка активност

– Пијте 2-3 литри вода на ден. Овде не се мисли на соковите, газирани и други засладени пијалоци ,туку само на вода или чај.

Се надеваме дека  овие совети ќе ви помогнат да ја надминете оваа состојба.