Мала шолја на кафе со “мал црн” неодолив мирис и вкус за многумина е најдобриот утрински сојузник и омилено дневно освежување. Но, знаете дека и талогот е повеќекратно корисен?
Пред да се ослободите од неа, размислете дали би било подобро да го зачувате за подоцнежна употреба за разубавување, заштита од инсекти, освежување на станот или како храна за растенијата. Се прашувате како? Еве ги одговорите:
– Ако, на пример, ви е потребен пилинг, кога ќе го испиете кафето, останатиот талог измешајте го со мед. Смесата која ќе ја добиете е одличен пилинг за телото и лицето, но и како средство против целулит.
– Кога на вашата коса и е потребно освежување, секогаш можете да направите маска од талогот. Процесот е многу едноставен, бидејќи се што треба да направите е да ја втриете пред шампонирање и оставете ја неколку минути. Кога косата ќе ја измиете со вода, ќе се изненадите од ненадејниот сјај на косата. Ова, сепак, не се однесува на русокосите, бидејќи нивната коса неприродна би потемнела.
– Доколку сакате да се заштитите од досадни инсекти, повторно можете да го искористите талогот. Втријте го на места кои се најранливи на напад од комарци, бидејќи силниот мирис на кафениот остаток сигурно ќе ги избрка.
– За да се решите од непријатниот мирис во станот, ставете талог во мал сад и ставете го во фрижидер или до кантата за смет.
– Кафениот “остаток” е добар и во борбата против валканите садови. Само втријте го на садот што треба да се чисти и работата е завршена. Сличен рецепт можете да примените за да го вратите сјајот на вашиот дрвен мебел. Талогот измешајте го со вода, потоа премачкајте ги креветот и столот, оставете да делува неколку минути и избришете ги површините со чиста крпа.
– И на крајот, не заборавајте дека талогот со кафе измешан со вода е одличен избор за дополнителна хранење на вашите (домашни) растенија.