Источен народен лек за зајакнување на имунитетот и крвта со кисели јаболка

Овој народен лек и додаток на исхраната замислен е и испробан како комбинација на најдобрите источни состојки измешани со традиционален џем од кисели јаболка кој се прави и во нашите краеви.

Можете да го користите за зајакнување на крвта и имунолошкиот систем, а со негово консумирање ќе го надополните недостатокот на минералите и витамините во организмот на целосно природен и здрав начин.

За подготовка на овој џем потребни ви се следните состојки :

  •  1 килограм кисел природен џем од јаболка ;
  •  200 грама семе од црн ким ;
  •  200 грама ленено семе ;
  •  200 грама семе од сусам ;
  •  50 грама куркума

Во електрична мелница за кафе сомелете ги семките од црн ким, лен и сусам. Вака добиената смеса помешајте ја со џем од јаболка и куркума. Смесата добро мешајте неколку минути додека убаво не се соединат состојките. Оставете да отстои неколку дена и џемот ќе биде готов за употреба. Што се однесува до ленот, сусамот и џемот од јаболка, достапни се секаде. (Во Босна и Македонија секаде се достапни). Како замена за црниот ким можете да користите девствено масло од оваа состојка. Потребно е да се зема секој ден по една до две супени лажици од смесата пред појадок.

Смесата е замислена за зајакнување и прочистување на организмот и крвта, како и третирање на бројни медицински состојби по природен начин.

Смесата можете да ја користите при проблеми со црниот дроб, негово чистење и регенерација, за зајакнување на имунолошкиот систем, за подобрување на крвната слика и проблеми со анемија, односно недостаток на железо, за подобрување и закрепнување на дигестивниот систем, за регулирање на зголемените триглицериди и холестерол. Особено се препорачува да се користи кај неадекватна исхрана за зајакнување на организмот, ,наместо различните хемиски мулти витамински додатоци. Наместо да користите таблети со минерали и мулти витамини земете една или две лажици од оваа природна смеса за зајакнување на организмот. Доколку генерално се чувствувате лошо, слабо и исцрпено, ако сте постојано уморни овој народен лек е идеален за вас.

Џемот од јаболка со години наназад е познат како исклучително природно средство за подобрување на варењето, крвта и зголемување на железото кај луѓе кои страдаат од анемија. Џемот од јаболка го јакне имунитетот и помага во регулирање на шеќерот во крвта и работењето на штитната жлезда.

Мешавината на семки позитивно ќе влијае на вашето варење и чистење на црниот дроб. Семките се преполни со минерали кои ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем и организмот, а корисните маснотии од нив ќе ја регулира редовната употреба на вашите триглицериди и холестерол.

Смесата е преполна со состојки како што се калциум, железо, бакар, протеини и моно заситени маснотии од семките на сусамот, витамини, а особено со Б комплекс, како и магнезиум, калциум, железо и бакар од семките на црниот ким, како и омега 3 масни киселини и влакна од семки на ленот.

Куркумата е најпознат индиски зачин и природен лек низ историјата. Тоа е златно жолта состојка која му дава боја на индиското кари. Постојат многубројни студии на запад, кои се спроведуваат во последните 20 години, а кои ја потврдија речиси неверојатната лековитост и благотворноста на куркумата. Најзначајните ефекти на куркумата се нејзиното анти воспалително и особено анти канцерогено дејство. Се работи за една од најпотентните анти канцерогени билки.

За оваа смеса можеме слободно да кажеме дека се работи за одлична комбинација од пет состојки кои претставуваат најздраво од најздравите прехранбени состојки на планетата.