Не брзајте со диета по породувањето

Многу мајки сметаат дека веднаш по раѓањето треба да се вратат на тежината што ја имале пред бременоста.

Жените мислат дека е доста лесна задача да се ослабне, гледајќи ги филмските ѕвезди кои неколку недели по раѓањето се појавуваат во весниците и списанијата облечени во костими за капење.

Но, според истражувањето на германскиот Институт за квалитетно и ефикасно здравство (IQWiG), на жените не им се препорачува да прибегнат кон радикални мерки за намалување на телесната тежина веднаш по раѓањето.

Лекарите тврдат дека зголеменото внимание по ова прашање влијае лошо на доењето.

Во истражувањето учествувале 250 жени. Лекарите ги анализирале податоците за зголемување на тежината за време на бременоста и стигнале до заклучок дека проблемот со натрупаните килограми станува актуелен само откако бебето ќе наполни една година.

“Ако сакате брзо да се вратите во форма по раѓањето, треба внимателно да ја регулирате исхраната за време на бременоста”, вели директорот на Институтот – професор Петер Савики.

Не е потребно “да јадете за двајца” и да заборавите на себе до раѓањето на бебето. Треба да се храните добро, но не и да се прејадувате, вели Др. Савики.

Научниците открија уште еден љубопитен факт во врска љубителките на фитнес – центрите. Физичките оптоварувања, кои безусловно се важни за луѓето со прекумерна тежина, не секогаш помагаат по бременоста, дури напротив – можат и да наштетат.

Според експертите, најдобар начин за слабеење по раѓањето е балансираната исхрана. Дали ќе биде комбинација со физичко оптоварување или не, во овој момент не е од особено значење.

Зголемување на тежината за време на бременоста не само што е нормално, туку е и потребно. Мајчиното тело треба да го храни зголемениот плод. Жената треба да има и доволно количество на течности, за да се задоволат потребите на бебето.

Дел од вишокот на килограми се губат веднаш по раѓањето. “Многу често жените вложуваат големи напори во грижата и доењето на бебето. Тогаш килограмите се топат и сами. Но, кај половината од младите мајки слабеењето не се одвива така брзо “- вели професорот.

Многу женски списанија и сајтови ветуваат помош за да ослабнете “лесно и брзо”, но не треба да се смета на тоа. Процесот на физиолошкото враќање на претходната форма може да трае од три месеци до година дена, тврдат лекарите.