Најздравите масла за масажа на вашето бебе

Масажата е многу важна за бебињата бидејќи ги зајакнува коските. Денешните мајки своите деца ги масираат со масла, лосиони и разни кремови. Сепак, факт е дека најсоодветно е маслото за масажа, а во продолжение ќе ви откриеме кои се најздравите масла за вашето дете.

Растителни масла

Некои експерти укажуваат на тоа да користите растително масло за масажа на бебињата затоа што тоа лесно се апсорбира во порите на кожата.

Кокосово масло

Кокосовото масло е идеално за масажа, како за бебињата, така и за возрасните. Освен за кожата, здраво е и за косата и коските.

Масло од синап (сенф)

Ова масло е широко употребувано во многу домаќинства за целосна масажа на телото. Тоа го прави нашето тело топло, ги зајакнува коските и помага при настинки , грип и кашлица. Во текот на зимата,  маслото од синап е најдобро решение за масажа на бебето, а во лето, се препорачува кокосово масло. Топлo масло од синап исто така е корисно, бидејќи го спречува растот на несаканите влакна.

Маслиново масло

Маслиновото масло го зголемува растот на косата. Ако вашето дете има малку коса, истријте ја главата со маслиново масло, почекајте околу 30 минути и измијте ја  неговата коса.