Најубавите фризури на Хали Бери

Иако веќе со години има кратка коса, Хали Бери е доволно долго на јавната сцена за да докаже дека се вбројува меѓу најубавите жени во светот – без разлика на нејзината фризура. Оваа убавица од практични причини се одлучила да има кратка коса, но потоа се вљубила во неа и сега тоа стана нејзин заштитен знак. Но, не е помалку убава ниту со бујни кадрици.

1

Додека имаше долга коса, често носеше кадрици, кои многу убаво се вклопуваа со нејзиното лице. Со бујна коса и патец во средината, Хали изгледа многу убаво и сосема природно.

2

Една од најатрактивните фризури е „краткиот боб“, со подигнат заден дел. Ваква коса имаше во 2010 година, а прамените со боја мед идеално се согласуваа со нејзиниот тен.

3

Ништо помалку секси актерката не беше и неколку години порано, кога одеше на црвениот тепих со уредно исфенирана коса со средна должина.

4

Хали во 2001 година изгледаше како вистинско девојче со ситни кадрици на нејзините раменици. Негуваните, сјајни кадрици значително ја подмладуваат, а широката насмевка на лицето никогаш не е на вишок.

5

Ова е веќе Хали на која сме навикнати. Иако често ја менува фризура, кратката коса е дефинитивно нејзина фризура.

– Најдобро се чувствувам кога  косата ми е кратка. Полесно се одржува и повеќе ја одразува мојата личност. Жените секогаш мислат дека мораат да имаат долга коса – рече таа .

6

Таа нагласува дека не  чувствува потреба да има долга коса, но по нејзината ќерка гледа дека тоа е нешто што се наметнува на жените.

– Сега е заљубена со својата коса. Ми вели: „Погледни мамо, долга е“. Како ние жените, мислиме дека тоа не дефинира и тоа го учиме, уште додека  сме  многу млади – вели Хали.

7

Убавицата со темна кожа не дозволува нејзината коса да ја дефинира, па затоа таа често експериментира. Сепак,  еднотавно  неверојатно е дека се добро и стои, вклучувајќи ги и многу малите кадрици.