Сите ние сакаме и тежнееме да бидеме среќни. Сепак, ретки се оние кои „како од топ ќе кажат дека им е добро во својата кожа“. Ви ги откриваме шесте едноставни трикови како секогаш да останете ведри.
1. Дружете се со расположени луѓе
Стручњаците велат дека несреќата е пренослива. Ако поминувате време со личност која е убедена дека цел свет е против неа/него, тој начин на размислување би можел да Ве зарази и Вас. Внимателно одбирајте го друштвото!
2. Смејте се
Истражувањата покажуваат дека и насмевката е заразна, односно дека луѓето на неа реагираат како огледало – па на насмевнатата личност враќаат со насмевка, што ги олеснува и зацврстува врските меѓу луѓето.
3. Учете од туѓите грешки
Преминете преку принципот “што кога сум таква”. Набљудувајте ги луѓето меѓу Вас, учете на нивните грешки и лошите искуства. Лошите моменти не мораат да Ви се случат и на Вас за да верувате дека се вистински.
4. Верувајте
Ако сте однапред убедени дека нема да успеете во држењето на диетата, веројатно и така ќе биде. Поставете јасни и разумни цели за се што работите, верувајте и бидете истрајни.
5. Живејте во сегашноста
Не се базирајте на минатото, не жалите и не мислите за грижата на совест. За поквалитетен и поисполнет живот треба да се свртите кон позитивните работи.
6. Опкружувајте се со убавини
Во станот одгледувајте цвеќиња. Носете работи кои ги сакате и на кои им се воодушевувате како изгледаат. Опкружувајте се со лица кои на Вас делуваат креативно, а избегнувајте ги оние кои беспотребно Ви ја црпат енергијата. Најдобра одлука која можете да ја донесете е таа дека сами во својот живот би донеле убавина.