Најдобрите совети од светскиот нутриционост Мајк Мекинс за витко тело со користење на медот во секојдневната исхрана

Познатиот светски нутриционист Мајк Мекинис открива дека клучот за тенка линија се крие во медот!

“Дури и храната која се преработува, која има помал процент на масти, полна е со скриени шеќери и бело брашно, кои телото брзо ги преработува во шеќер. Ова значи дека нивото на шеќер во крвта се зголемува нагло во текот на целиот ден. Телото се бори со приливи на шеќер и испуштање на поголеми количини на инсулин, кој го филтрира шеќерот од крвта и го депонира како маст “, објасни Мекинис кој откри дека единствената комбинација на шеќер во медот, го прави овој производ речиси идеален за намалување на телесната тежина.

Важен факт е дека мозочните клетки се опкружени со глијални клетки, кои се грижат и го контролираат  износот на шеќер во мозокот. Нивна задача е да ја обезбедат потребната количина на гориво во мозокот, односно шеќер.

Ако јадете храна богата со шеќер, „пумпите” на овие клетки ќе “закочат” за да го заштитат мозокот од напад на шеќер. Оваа заштита на мозокот од премногу шеќер функционира одлично, ако сте човек кој само повремено се храни со храна богата со шеќер, но во современата исхрана, внесувањето на шеќер  не се прекинува во текот на денот и поради тоа мозокот изгладнува.

„Гладниот мозок е под стрес. Од очај може да испрати пораки до телото за да добие шеќер од кој било извор “, вели Meкинис. Некои од хемикалиите предизвикуваат интензивна желба за шеќер и прејадувањето продолжува.

Медот како решение на проблемот!

Истражувањата на научници од Дубаи покажуваат дека една лажица мед за разлика од една лажица шеќер, го намалува нивото на шеќер во крвта.

Клучно е дека медот не предизвикува глијални клетки, не ја попречува работата на клетките и мозокот се уште добива нормална количина на енергија и функционира оптимално.

Не заборавајте дека со секој внесен грам шеќер што ќе го изедете добивате два грама телесна маст. Од исхраната исфрлете ги сите шеќери и вештачки засладувачи, вклучувајќи ги и скриените кои ги има во преработената храна.

Наместо тоа, започнете го денот со една или две лажички мед во филџан топла вода. Потоа користете мед во чај или кафе. Медот е речиси двапати посладок од шеќерот, така што можете да го ставате  помалку за половина.

Денот, задолжително завршете го со мед (една или две лажици мед во топла вода) и тоа 30 минути пред да одите на спиење. Така телото побрзо ќе го согори масното ткиво.

Но, сепак не претерувајте- премногу мед ќе го подигне нивото на шеќер во крвта, а со тоа и нивото на инсулин, па така ќе ги изгубите сите користности.