Иако можеби ви останало малку време и едвај успеавте од работно одело да се пресоблечете во тренерки, сепак одвојте уште малку време за да ја симнете шминката. Таа може многу да и наштети на кожата додека се потите. Ова се главните причини зошто не е добро да се вежба со шминката, и неколку совети за лицето, пред, за време и по вежбањето.
Тешките пудри и шминка ги затвораат порите
„Полесна“ шминка ќе ви се разлее по лицето штом ќе почнете да се потите. Тоа нема привлечно да му делува на момчето кое вежба во ваша близина. Маскарата, дури и онаа водоотпорната, исто така не е добра идеја, бидејќи може да ви влезе во окото. Не ви треба ни црвенило, затоа што со вежбањето ќе постигнете природна боја на лицето, велат дерматолозите. Со оглед на тоа дека вашите пори се отвораат во текот на вежбањето, не би сакале да и го спречите дишењето на вашата кожа со нанесување на тешка шминка. Средствата кои содржат микронизирани честици може да делуваат иритирачки и да доведат до нечистотија на кожата, бидејќи честиците се доволни мали за да влезат во отворените пори. Идеално би било лицето пред тренинг да го исчистите со средство за чистење кое не содржи сулфати и вештачки мириси, за да избегнете сушење и воспаление на кожата.
Потењето може да го олесни чистењето на порите
Топлината и потењето ја загреваат кожата. Поради тоа, порите на кожата полесно се чистат од материјал со кои се затнати, особено ако направите лесен пилинг додека се туширате, по вежбањето. За тоа може да користите некое средство за чистење или едноставно истријте ја кожата со пешкир. Истиот принцип го применуваат и козметичарките, кога со пареа ви го загреваат лицето пред чистење.
Лицето слободно избришете го со маицата
Разликуваме два вида на потење. Првото е познато како термално, а основна цел е да се намали телесната температура, на пример во текот на физичките активности. Го лачат екрилни жлезди. Другиот вид е потење кое се појавува при стресно или емотивно потење. Често се нарекува и „ладно“ потење, бидејќи не е поврзано со околната температура, па може да се појави и во разладени простории. Стресните ситуации поттикнуваат вообичаена низа на реакции : срцето работи побрзо, дотурот на крв во мускулите се засилува, а хормонот адреналин се излачува во крвта. Адреналинот доведува до потење, главно под мишките, но и на табаните, дланките и на лицето. Посебен вид на потни жлезди, наречени апокрилни жлезди, стануваат активни и лачат материја со која се хранат бактериите на кожата. Резултатот е непријатен мирис, многу појак од оној при вообичаеното потење. Потењето од екрилните жлезди е само вода и е прилично чисто. Од друга страна, пак, потта од апокрилните жлезди содржи бактерии и затоа има непријатен мирис. Иако не го сакаме тој мирис, сепак е здрав за нашата кожа. Тоа што користиме средства за неутраулизирање на мирисот, сепак е од социјално прифатливи причини, не од здравствени. Чувството кај луѓето што го имаат за потењето, често го мешаат со чувството кое го имаат кога допираат мрсна кожа. Но, експертите не уверуваат дека не се работи за иста работа. Поради вежбањето ќе се потите, но излачувањето на себумот нема да биде поголемо. На неговото лачење влијаат генетиката и хормоните. Нема да добиете акни затоа што вежбате. Сепак, обидувајте се да не се допирате по лицето за да не се пренесат бактериите од облеката и опремата на него. По вежбањето измијте го лицето.