Идеално благо за сите членови на семејството.
СОСТОЈКИ
800 г бисквити
1 литар јогурт
250гр малини или јагоди
200 г крем
Начин на приготвување:
Бисквитите се кршат на парчиња (да не бидат премногу мали) се ставаат во сад. Се преливаат со јогурт и се мешаат со цел бисквитите да се натопат.
Изматете 200гр шлаг. Подгответе го овошјето – малини или јагоди.
На послужавник наредете ги бисквитите претходно натопени во јогурт, така што ќе направите рамна површина. Врз нив ставете го овошјето (малини или јагоди). Нанесете го шлагот. И тортата е подготвена!