Природен лек против несоница, стрес и проблеми со бубрезите. Сакате да си го подобрите вашето здравје ? Пиењето чаеви е вистинскиот потег во вистинска насока.
Чај од камилица
Оваа смирувачка тревка од семејството на сите хербални тревки е најчесто конзумиран чај кој помага во борба против несоницата и други видови на пореметувања во спиењето. Воедно општо познато дека помага при намалување на грчеви и болки во стомакот пропратени со иритации и мачнини во стомакот што може да биде предизвикан од пиење на премногу кафе.
Чај од минт
Оваа освежителна и стимулирачка тревка ги ублажува симптомите на настинка и главоболка и има моќно анти-воспалнително влијание кое помага при смирување на вознемирениот стомак или пак менструални грчеви. Претставува фантастична замена за кафе, при кој што го одржува мозокот активен и фокусиран, исто како и кафето.
Чај од шипинки
Чајот од шипинки потекнува од розите чии плод се нарекува шипинки. Тие се богати со Витамин Ц поради што е активен зајакнувач на имунитетот. Самата киселина која што е содржана во шипинките е чист диуретик и лаксатив, и затоа е супер прочистувач на бубрезите и помага за било какво друго заболување на бубрезите.
Чај од глуварче
Земен од коренот на глуварчето, овој чај е извондреден тоник на црниот дроб. Овој чај е еден од најдобрите детоксикатори првентсвено се користи за прочистување на црниот дроб како и жолчниот меур, ги оттфрла штетните токсини во телото и на тој начин е доста корисен во процесот на детоксикација. Иако има горчлив вкус најчесто се сервира и конзумира со лажичка органски мед и е одлична, пред се, здрава замена за кафе а при тоа помага во детоксикација на телото.