Моќта на хербалните чаеви

Природен лек против несоница, стрес и проблеми со бубрезите. Сакате да си го подобрите вашето здравје ? Пиењето чаеви е вистинскиот потег во вистинска насока.

Чај од камилица

Оваа смирувачка тревка од семејството на сите хербални тревки е најчесто конзумиран чај кој помага во борба против несоницата и други видови на пореметувања во спиењето. Воедно општо познато дека помага при намалување на грчеви и болки  во стомакот пропратени со иритации и мачнини во стомакот што може да биде предизвикан од пиење на премногу кафе.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Чај од минт

Оваа освежителна и стимулирачка тревка ги ублажува симптомите на настинка и главоболка и има моќно анти-воспалнително влијание кое помага при смирување на вознемирениот стомак или пак менструални грчеви. Претставува фантастична замена за кафе, при кој што го одржува мозокот активен и фокусиран, исто како и кафето.

 Чај од шипинки

Чајот од шипинки потекнува од розите чии плод се нарекува шипинки. Тие се богати со Витамин Ц поради што е активен зајакнувач на имунитетот. Самата киселина која што е содржана во шипинките е чист диуретик и лаксатив, и затоа е супер прочистувач на бубрезите и помага за било какво друго заболување на бубрезите.

Чај од глуварче

Земен од коренот на глуварчето, овој чај е извондреден тоник на црниот дроб. Овој чај е еден од најдобрите детоксикатори првентсвено се користи за прочистување на црниот дроб како и жолчниот меур, ги оттфрла  штетните токсини во телото и на тој начин е доста корисен  во процесот на детоксикација. Иако има горчлив вкус најчесто се сервира и конзумира со лажичка органски мед и е одлична, пред се, здрава замена за кафе а при тоа помага во детоксикација на телото.