Мирис на вкусен милиброд со топло кафе или чај. Ммм се чувствува мирисот на есента…
Потребни состојки:
- 1 кг брашно
- ½ л млеко
- 100 гр шеќер
- 2 ќесички сув квасец
- 100 гр путер
- 3 цели јајца и 1 жолчка
- 1 лажичка сол
- кора од 1 лимон
- суво грозје по желба
Во сад ставете го брашното, направете дупка и во неа сипете ги квасецот, млакото млеко, шеќерот, солта, изматените јајца, изренданата кора од лимон, растопениот путер и по желба рака суво грозје претходно потопено во млака вода.
За посипување на работната маса ќе ви требаат уште 100-тина грама брашно. Замесете мазно тесто, покријте го и оставете го да надојде. Премесете го и оставете го уште 30 минути во садот за да нарасне пак. Потоа растегнете го во долг цилиндричен облик со должина од 80 цм, па свиткајте го тестото, но не сечете го, за да се добијат два цилиндри во дебелина од 4-5 цм. и префрлајте го едниот крај преку другиот.
Потоа добро притиснете го тестото, ставете го подмачкана тепсија, премачкајте го со жолчка и ставете го да се пече на 200 °C, 30 до 35 минути. Печениот милиброд малку попрскајте го со ладна вода, завиткајте го во кујнска крпа и оставете го да се излади.
ДОБАР АПЕТИТ !