Новогодишната трпеза може да биде вкусна и со малку креативност и не многу храна. Доколку планирате забава со многу гости во вашиот дом овој рецепт ќе биде одличен додаток за сите љубители на жестоките пијалоци. Вкусни неодоливи поховани маслинки. Мини закуска за сите!
Потребни состојки:
- 200г маслинки (без семка)
- 1 јајце
- Половина чаша пиво
- 150 милилитри масло за јадење
- 100г брашно
- 50г сусам
Се разматува јајцето со пивото, па потоа се додаваат брашното и сусамот.
Маслинките се ставаат во смесата да отстојат додека не се загрее маслото на оган.
Се пропржува многу кратко на силен оган, а потоа маслинките се ставаат врз хартија за да се исцедат маснотиите.