Месечен хороскоп – Бик… што предвидуваат за Вас ѕвездите во месец декември

Активно ги следите сите нови случувања и имате јасни критериуми. Битно ви е да ја унапредите својата кариера, но работната динамика наметнува и нови проблеми  во однос со соработниците.

Стратегијата која ја применувате на крајот ви носи позитивни резултати, посебно во финансиска смисла или во насока на лично усовршување. Ви преостанува да ја унапредите вашата положба и популарност во работното опкружување. Нема потреба да ги затегнувате односите со одредени соработници или да влегувате во конкурентни односи. Времето ќе покаже дека имате подобри работни решенија, како и ефикасен начин во остварувањето на заедничките интереси.

Во периодот од 10 ти декември ве очекуваат повеќе корисни средби кои навестуваат добра перспектива во работата со која се бавите. Пред вас е поволен период за јавен настап или за  тестирање и проверка на практичните знаења и професионални способности. Чувствувате занес и битно ви е да го составите вашиот „љубовен мозаик“ во речиси идеална слика. Новите емотивни настани донесуваат лесен немир во вашето расположение. Некој во вас буди „волшебни мисли“ или плима од топли чувства.

Упорно настојувате да остварите рамнотежа помеѓу своите мисли и чувства, но тоа е невозможно без нечие присуство. Малите задоволства претставуваат пат до голема среќа, но само во заедничкото преплетување на мислите и чувствата. Потребно е искрено да разговарате со својот партнер или отворено да ги преиспитате заедничките планови. Во љубовта не треба да играте „погрешна улога“, лажејќи се дека е можно да се заштитите од емотивно разочарување. Покажете му на својот партнер, дека секогаш постои некој поубав и среќен пат до заедничката среќа. На среќа вашите „љубовни соништа“ и планови можат да се остварат.

ПРЕДЛОГ- Присуството на Сонцето и Меркур во осмото со поволно влијание на Венера во вашето деветто поле, претставуваат спој на саканото и саканото или на духовното и емотивното задоволство. Ве следат поволни влијанија на

Јупитер во третото поле, кое ќе ви донесе голема радост и успех. Среќата е последица на внатрешната топлина и рамнотежа. Со присуството на Марс во вашето петто кон шесто поле ќе се уверите дека поттикнувањата во вашиот љубовен живот донесуваат најубаво задоволство. Доколку имате доволно мудрост и трпение, ве очекува добра шанса појасно да ги определите вашите планови во иднината. Важно е правилно да ја насочите својата креативна енергија.